ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa 97,67 евра за мегават час, на МЕМО 79,88 евра за мегават час
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2023 12:35
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 22 мај просечнатачасовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 97,67 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 79,88 евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 91,81 евра за мегават час, а на MEMO 77,12 евра.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец мај до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 93,39 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата која почна со работа на 10 мај изнесува 86,36 евра за мега ват час.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




