16 Декември, 2018
0.6015
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Ефективноста на управувањето со земјоделската одржливост

Објавено во: Колумни 14 Април, 2018

Ефективноста на управувањето со одржливоста ја изразува специфичната резултанта во однос на степенот на достигнување на реално (технолошко, агрономско, социјално, политичко, економско), можното ниво на социјална економска и еколошка издржливост на стопанската гранка и минимизирање на вкупните трошоци за управување.

  Оценките за ефективноста на управуањето може да биде за целосна ефективност и за делумна ефективност, каде првата го вклучува системот за управување во целост, а втората е за основни елементи (инструменти) на управување на социјалната, економската и еколошката одржливост. Во зависност од целите и периодот (минат, сегашен, иден) на анализа, оценката на системот на управување или одделен елемент е за потенцијалната ефективност или фактичката ефективност на управувањето.

  Резултатот од специфичниот систем за управување на земјоделската издржливост во крајна линија наоѓа израз во определено ниво и динамика на социјалната, економската и еколошката издржливост на земјоделското стопанство. Соодветно висока или растечка земојделска издржливост означува висока ефективност на системот за управување и обратно.

  Земјоделската oдржливост и одделните нејзини аспекти имаат многу мерења. Значи за да се оцени нивото на ефективност на управувањето, потребно и да се разработи адекватен систем за оценка на нивото на социјална, економска и еколошка издржливост како и на земјоделската одржливост како дело. За оцена на сегашната состојба на одржливоста во земјоделството е важна состојба на економската, социјалната и еколошката одржливост, како на пример: каков е приходот на фармата по работни единици или продуктивноста на  единица  површина и на животинска единица.

За оценка на социјалната одржливост важно е на пример: колку часа годишно е вложен труд во земјоделството или просечна старост на вработените во земјоделството, или еднаквост на статусот помеѓу мажите и жените и друго.  Еве некои примери за показатели за еколошката одржливост: дел на инвестиции со еколошко значење, емисии на јаглерод диоксид (ЦО2), потоа важен е обемот на угари  трајни тревници итн.

  Не е помалку важно да ги претставиме показателите за оценка на потенцијалната ефективност на формите за управување на земјоделската одржливост:

1.Економска одржливост

- Пазарност на производството (продукцијата)

- Иновативна активност

- Степен на примена на непходните агротехнички мерки

- Обем на  приватни инвестиции

- Промена на систем за управување на квалитетот

- Долгорочен договор за маркетинг

- Зголемување на квалификациите на вработените

- Број на заштитени призводи, заштитни марки и др.

2. Социјална одржливост

- Социјални иницијативи на фармите и земјоделските организации

- Степенот на примена на стадарадите за труд

- Степен на диверзификација на дејноста

- Дел на  жени  менаџери на стопанството

- Број на ангажирана работна сила

- Број на колективни иницијативи

- Динамика на плаќање на трудот

- Степен на социјално осигурување

- Големина на трошоците за социјален развој.

3. Еколошка одржливост

-Примена на ефективен продоред

- Примена на добри земјоделски и еколошки практики

- Воведување на професионални екокодови и стандарди

- Премини кон еко и органско производство

- Воведување на екопроизводи и услуги

- Големина на трошоците за заштита на животната средина

- Учество во екозадруги или здруженија

- Големина и дел на необработена површина

- Број и вид на животни на единица земјоделска површина

-  Количина на препарати за хемиска заштита на растенија вкупно и на единица површина

  Потребно е да се прави оценка на апсолутната и споредбената ефективност на управувањето на земјоделската одржливост. Апсолутната ефективност ја изразува резултантата во однос на состојбата  пред воведување на определена форма или усовршување на системот во целина. Ако одржливоста како резултат на новиот ситем за управување се подобрува или се предупредуваат натамошното влошување тогаш новата форма е (по)ефективна и обратно.

  Потребно е да се разграничуваат и прават оценки на: краткорочна, среднорочна и долгорочна ефективност на системот за управување на земјоделската одржливост. Ова е обусловено  од фактот, дека потребите и условите на управување се менуваат по време, а анализата се прави во конкретен момент од време или за даден период од време. Отчетот на “фактор време” се прави со определување на:

- кусорочна ефективност, најчесто 5 до 7 години

- среднорочна ефективност – релативно подолг период од време околу 10 год.

- долгорочна ефективност за период околу 15 години, период кој до голем степен е поврзан со зачуваност и трансфер на земјоделските ресурси во идните генерации.

  Проф.д-р. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Сторија за Кинезот

Сторија за Кинезот

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

Плоштад Слобода

Плоштад Слобода

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува