EK: Две третини од сајтовите за резервации лажат
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Две третини од сајтовите за резервации ги лажат корисниците за цените. Ова го покажала проверката на Европската комисија и органите за заштита на потрошувачите во земјите членки на ЕУ.
Од октомври наваму тие провериле 352 веб сајтови за споредување на цените и за резервација на патувања кои се на територијата на ЕУ. Во две третини од нив, односно кај 235 сајтови, цените не биле веродостојни. Така на пример во подоцнежна фаза од процесот на резервација се додадени дополнителни елементи кон цената, без корисникот да има јасни информации за тоа, или се наведени промотивни цени, кои не одговараат на достапната услуга.
Органите побараа од овие сајтови да работат во согласност со европското законодавство за заштита на потрошувачите.