18 Мај, 2024
0.0266

Екологистите го одведоа Анѓушев на Водно

Објавено во: Економија 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Поисплатливо е да се исече малку шума и да помине гасоводот, отколку масовно граѓаните да се греат на дрва и така повеќе да загадуваат, им рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој заедно со претставници од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска ја поминаа трасата по која треба да поминува гасоводот, за лично да се увери каква шума и зеленило ќе бидат уништени. 

Анѓушев вели слушал различни спротивставени ставови за тоа колку шума треба да се исече и низ кои предели поминува проектот за гасоводот. Тој уште еднаш повтори дека, ако се пролонгира градењето на гасоводот тоа ќе значи дека многу домаќинства ќе продолжат да се греат на дрва и во наредните пет години.

- Во тој случај несразмерно многу шума ќе се исече за греење од тоа што тука би се оштетила, а тоа сега ќе биде минимално. Ги охрабрив во МЕР и како Влада им наложивме да направат максимални напори, секое дрво кое може да се избегне за да биде исечено, тоа да биде така направено. Мислам дека веќе се постигна оптимална траса низ која што ќе има минимални оштетувања. Се работи за 70 отсто помалку оштетувања од тоа што беше првобитно замислено. Доколку и понатаму имаме желба да направиме еколошки потфат, како што е градењето на гасоводот, треба да бидеме согласни да продолжиме – додаде Анѓушев. 

Тој додаде дека екологистите ќе бидат анагажирани да следат каде може што е помалку да се исече помалку шума при изградбата и така импактот на гасоводот да биде минимален во негативното влијание на околината.

- Од претходните четири километри шумски појас уништување, сега се намалува на два, се јавува теснење односно користење на постоечки патеки. Но, останува да продолжиме со разговорите, за лично да се уверуваше каква шума ќе биде уништена за трасата на гасоводот. Добиеме адекватно решение со кое сите би биле задоволни – вели Јанков и додава дека нивната работа допрва започнува со будење на граѓанската свест, за да ги натераат граѓаните да учествуваат во овие случувања, за да ги освестат, за тоа што значи Водно за нив - вели Андреа Јанков од „Го сакам Водно“.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра