07 Октомври, 2024
0.0286

EKОЛОГИСТИТЕ ЗГРОЗЕНИ ОД ПОЖАРИТЕ: Шумите не се чуваат со седење во канцеларии

Објавено во: Македонија 28 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Екологистите се згрозени од големите штети кои ги предизвикаа пожарите во земјава, посебно оној во велешко, кој го гаснеа пожарникари од повеќе општини. Изгорени се 400 хектари шума и трева. Борбата со огнот траеше повеќе од осум часа.

Јорданка Калајџиеска од еколошкото друштво „Виножито“ од Штип вели дека штетите се огромни, а последиците ќе ги трпиме сите. Таа вели дека наместо да седат во канцеларии, надлежните треба да бидат на терен и да ја следат состојбата. 

„Ние ништо не правиме, ние само констатираме, и тоа е жалосно. Уништена е и флората и фауната. Кој сега ќе ја обнови таа шума кога немало кој да ја заштити? Плус тој загаден воздух од самото горење го дишеме сите на ова жешко време. Има полиција, шумска полиција, и треба тие да патролираат, да дежураат на ова топло време. Знаеме како функционираа работите во времето на Југославија, а зошто сега да не може? Сме биле во посета на шумска полиција како здружение и рекоа луѓето дека немаат ресурси за да одат на терен. Треба да им се дадат возила, бензин, и да можат да патролираат“, вели Калајџиеска.

Со децении шумата која е изгорена нема да може да се обнови.

„Порано постоеше Ден на дрвото, и ние како здружение одевме да пошумуваме, тоа беше добро, макар половина од дрвцата да се зафатеа има корист за сите“, додава Калајџиеска.

Од Македонското еколошко друштво велат дека контрола треба да има преку цела година, а посебно преку лето, па дури и да се пријавува движењето во шумите.

„Треба постојано да има контроли, посебно во овој период, во лето секој ден, и да се подигне јавната свест. Да се внимава кој што прави, да се пријавува индивидуалното движење или движење во помали групи, и доколку нешто се случи да може да се реагира веднаш. Ова е не само за шумите, туку и за земјоделските површини затоа што луѓето преку лето се на нива“, додаваат од Македонското еколошко друштво.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, припадници на армијата, два трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер, а помош пристигна и од вработените во шумските претпријатија.

Полицијата вчера приведе четири лица, кои се осомничени дека додека работеле од невнимание го предизвикале пожарот.

Огнот избувна околу 11:40 на влезот во Велес од правец на Скопје, потоа се префрли кон Езеро Младост и автопатот Велес – Скопје, па се спушти до автопатот Скопје – Велес, кај наплатна рампа Сопот.

Изгореа викендичка, фарма, но и дел од пругата. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија