24 Ноември, 2024
0.0269

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот царински бос и осуденик за криминал Драган Даравелски го презеде градежното акционерско друштво Козјак од Куманово под свое управување. Акционерското собрание во септември донело одлука Даравелски, кој 20 години беше во бегство надвор од Македонија, да биде поставен за генерален извршен директор.

Тој ќе го води ова градежно претпријатие заедно со Никола Џимревски како уште еден член на одборот на директори. Во одборот повеќе нема место за скопјанецот Србољуб Ристиќ. Даравелски ќе управува и со подружниците - каменоломот во Краста крај Пчиња и бетоњерата во кумановската населба Бедиње, а таму ќе го менува Миомир Краљевски.

Инаку „Козјак“ минатата година ја заврши со приходи од 580.000 евра и добивка од само 80.000 евра, која бележи раст од 19 отсто. Акционерското друштво има 19 вработени и финансиски обврски од околу 750.000 евра.

Поранешниот царински шеф, кој лани се врати во Македонија откако пред цели 20 години побегна во соседна Србија и чекаше да му застаре делото за да не се соочи со кривичен прогон и осуда на 7 години затвор, во август стана директор и на кумановската фирма ИТЗ Инвестмент.

Во оваа фирма за недвижнини го презеде местото на дотогашниот управител и сограѓанин - бизнисменот Албион Сејдији, инаку градежник во економско-политичките кругови. Фирмата ИТЗ Инвестмент, што ќе ја води Даравелски, за неколку години колку што постои, на два пати го менувала името од Медикал прима Х Скопје и Хаб Холдинг Куманово. Нема приходи во 2023, но е поседувана од Продуктимпекс Куманово.

Истата Продуктимпекс, фирма за издавање и управување со недвижен имот, е поседувана од српската државјанка Наташа Маринков од Вршац, за која работи синот на Даравелски - Томислав Даравелски. На почетокто на годината .„Југоопрема“, чиј сопственик е Маринков, а директор Томислав Даравелски, како што известија медиумите, на аукција во Куманово купи недвижен имот на хотелите „Кристал“, приземје на поранешниот хотел „Куманово“ и помошни простории на хотелот „Ку-Ба“.

На интеренет единствено што може да се пребара за Продуктимпекс се берзански известувања, каде пишува дека склучувала зделки од стотина илјади еврa за изнајмување на простории на други правни лица. Раководните лица на Продуктимпекс се поврзани и со Козјак АД, уште една фирма која се поврзува со Даравелски и со пазарот на недвижнини.

Инаку Албион Сејдији, претходникот на Даравелски во ИТЗ Инвестмент, ја има градежната фирма за изградба на станбени и нестанбени објекти „Албион Инеженеринг“. Таму по половина е заеднички сопственик со Ридван Дервиши, членот на Советот во Општина Куманово од редовите на ДУИ. „Албион Инженеринг“ нема приходи лани, но затоа има актива од сопствени средства од 280 милиони денари (повеќе од 4,5 милиони евра).

Даравелски минатата година во февруари се појави на Табановце, беше уапсен, но по неколку дена пуштен од притвор поради застарување на делото. Основниот Кривичен суд – Скопје ја запре кривичната постапка поради настапување на апсолутна застареност.

Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?