15 Декември, 2025
0.0383

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2024 07:33

Добивај вести на Viber

Цените на надвижнините во Македонија продолжуваат да растат. Иако темпото на поскапување е успорено, сепак, и во третиот квартал цените на становите во земјава поскапеле. Последните податоци од Народна банка откриваат дека во третиот квартал цените на недвижнините се зголемиле за осум проценти. Ова е малку помало поскапување во споредба со вториот квартал, или она што се случуваше претходните години, но сепак зачудува што повторно имаме раст на цените на имотите.

Во вториот квартал оваа година го имавме најголемото поскапување, кога цените на недвижнините пораснаа за 11 проценти. Првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на цените на недвижнините.

Овој тренд на значително поскапување на имотите започна со четвртиот квартал во 2021 година, и продолжи низ цела 2022 година, кога становите поскапеа најмногу. Но, трендот продолжи и во текот на минатата и оваа година. Како што покажуваат бројките крајот на минатата година и почетокот на оваа година се појавија знаци на стагнација на цените, но вториот квартал и третиот повторно има поскапување.

Сепак, и покрај растот на цените на становите, интересот за купување не стивнува. Пописот на населението од пред две години покажа дека од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. 

Но, и покрај високите бројки на празни станови, низ Македонија, а особено Скопје се гради со несмален интензитет. Упатените велат дека не очекуваат пад на цените поради фактот што не спласнува ниту интересот за купување станови.

Сопственик на една агенција за недвижнини во главниот град вели дека побарувачката е задоволителна, и не забележуваат знаци за намалување.

-  Побарувачката е голема. Малите станови се продаваат веднаш, додека поголемите може да почекаат некој месец. Но, сепак, нема стан кој стои подолг период непродаден, затоа не очекувам намалување на цените. Можеби цените се превисоки, особено ако се земе предвид дека има станови кои се продаваат по цени над 2.200 евра, но, и тие се продаваат, поради што не очекувам трендот да се промени. Може ќе почнат да стагнираат, но намалување на цените не очекувам – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети