ЕКОНОМИЈА И ТУРИЗАМ: Кои земји највеќе зависат од туризам?
Објавено во: Економија 15 Мај, 2018
Две европски земји имаат економија која е силно зависна од туризмот.
Извештај на ОЕЦД покажува дека Шпанија е земја-членка на организацијата чија економија најмногу зависи од туризмот – изнесува околу 11,1 отсто од бруто домашниот производ во 2016 година.
Во 2017 година земјата ја посетиле 82 милиони туристи.
Туризмот е многу важен за Португалија, каде што изнесува 9,2 отсто од економија.
Зад нив следи Мексико, Ирска, Франција, Грција, Италија, Турција, Германија, Британија, Австралија, САД, Канада, Јапонија и Полска.
Последната земја на листата добива само 1.2 отсто од туризмот во економијата.