19 Мај, 2024
0.0258

ЕКОНОМИЈА ВО ГРЧ!

Објавено во: Економија 29 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Најновите податоци на Министерството за финансии кои се однесуваат на буџетските приходи, расходи и дефицит во април, според дел од економистите доплнително ја отворија  дилемата зошто гувернерот Богов неодамна изјави дека е можно превземање на  мерки за заострување на монетраната политика а сега изјавува дека тоа нема да се случи, барем не во следните неколку месеци. Имено, според новите податоци, во четвртиот месец од годинава буџетскиот дефицит остана на речси исто ниво како и во март, од 102,3 милиони евра. Во однос на приходите, април се покажува како пдобар месец во однос на јануари и февруари, кога воопшто немаше безбедносна криза. Гувернeрот Димитар Богов вели дека состојбата се следи, но и дека економскиот раст од 4,1% е тешко остварлив. Богов засега не предвидува мерки за заострување на политиката По мајските анализи на состојбата, гувернерот на НБМ Димитар Богов објави дека засега нема да има промена во монетраната политика, односно дека нема да се превземат мерки за заострување кои ќе водат кон поскапување на кредитите за граѓаните и за фирмите. “Засега нема потреба од менување на поставеноста на монетарната политика. Ние еднаш во месецот ја разгледуваме поставеноста. Последен пат тоа беше во мај и тогаш заклучивме дека ситуацијата е непроменета и останува поставеноста како што е. Лично не би очекувал да имаме ситуација за промена на оваа поставеност на монетарната политика, ниту во наредните неколку месеци. Секако ние редовно ги следиме движењата“, изјави гувернерот Богов. Оваа изјава следува откако тој неодамна предизвика вистински “земјотрес’ меѓу граѓаните и бизнисмените со најавата за можно затегнување на монетрната политика со цел да се задржи ценовната стабилност поради политичко-безбедносната криза. Априлските податоци за буџетот покажуваат стабилна сотстојба?! Во исто време, најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со април, или за четири месеци,  во буџетот се реализирале приходи во вредност од 848,1 милион евра, расходите биле 950,4 милиони евра а буџетскиот дефицит во април бил  само стотина илјади евра, со што кумулативно, за четири месеци изнесува 102,3 милиони евра. Овие априлски податоци, според дел од економистите, не можат да ја дадат вкупната слика за состојбата во економијата, но сепак упатуваат на одредена стабилност на економијата но и на тоа дека засега нема причина за заострување на монатрната политика. “Анализирајќи  ги априлските податоци, изолирано како месец не даваат многи информации за вкупната состојба, би кажал дека треба да се фокусираме  на кумулативните податоци и на кварталните кумулативи. Според априлските показатели економијата не е во добра, туку би рекол во стабилна состојба, но стабилна во смисла на ниска инфлација, стабилен курс на денарот и стапка на некој раст. Но во смисла на развој, сиромаштија,ниска куповна моќ, креирање на стабилни работни места и бизнис амбиент, состојбата не е охрабрувачка. Секако тука е социјално-економската нееднаквост која станува се подлабока“, вели економистот Марјан Николов од Центарот за економски анализи. По објавата на априлските податоци, сомневање во потребата од заострување на монетарната политика упатува и економистот и претседател на Комисијата за финансии во СДСМ, Кире Наумов. “По податоците од априли станува уште понелогични и контрадикторни се изјавите на гувенерот Богов за можни мерки за заострување на монетарната политика, кои ќе предизвикаат поскапување на кредитите и за граѓаните и за фирмите.  Треба да има во предвид дека податоците  покажуваат дека приходите се на подобро ниво од оние што се остварени во јануари и февруари, кога практично политичката криза не беше со ваква длабочина, а немаше ниту безбедносни ризци. Имено, податоците покажуваат дека на  приходната страна, потрошувачката на граѓаните  и инвестициските  активности не се намалени. Во исто време, во април е регистриран најмал дефицит во овие осум години откако Ставрески е министер за финансии. Сите овие податоци, првиот човек на НБМ ги знел пред да ги дознае  јавноста и не е јасно поради која  причина гувернерот предизвка вистински земјотрес меѓу  граѓаните и стопанствениците, освен ако не се сведува на политича  изјава со цел да го покаже прстот кон опозицијата, граѓанскиот и невладиниот сектор, дека токму тие сакаат да предизвикаат криза“, вели Наумов. Нема причини за поскапи кредити И економистот Николов смета дека во моментов нема причина за мерки кои ќе ги поскапат кредитите. “Сеуште нема потреба од мерки за заострување на монетраната политика, односно во моментов нема потреба од интервенција на монетраната власт. Она што и останува на монетарната власт е да ги следи ризиците по стабилноста на инфлецијата и курсот на денарот а во исто време преку монетраните инструменти да овозможи колку што е можно поструктуирано влијание на намалување и базичната каматна стапка. Гувернерот рече “Ние ги следиме ризиците, особено од политичките настани и доколку тие ризици се од потрајна природа и се засилат со интензитет можно е да се влезе во зона каде ќе има потреба од интревенција“, што значи дека треба да се почека за да се види развојот на состојбата“, вели Николов. Гуверенерот Богов се повлече од првичната најава за можно заострување на монетарната политика но искажа сомнеж во однос на очекувањата за економскиот раст.  првично ја  најави можноста од заострување на монетраната политика, тој во јавноста се огласи во неколку наврати со објаснување дека НБМ ја следи политичката состојба “Ние проектиравме раст од 4,1 проценти. Тоа е наше основно сценарио во кое не се земени предвид овие политички случувања, но земено е предвид дека тие претставуваат ризик фактор, кои во оној момент кога ги правевме проекциите, а ги правевме во април не бевме во состојба да го квантифицираме тој ризик, односно да го преточиме во бројки и затоа го дадовме само како ризик, ако се материјализира тогаш нашата стапка од 4,1 отсто нема да се оствари“, изјави гувернерот Богов. Најавата за можно поскапување на кредитите ја крена на нозе и целата бизнис заедница која апелираше дека ваквиот потег директно ќе влијае врз намалување на економската активност на приватниот сектор а со тоа и врз вкупниот раст на економијата. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?