03 Мај, 2024
0.0253

ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Е ПРИОРИТЕТ И НА НОВАТА ВЛАДА: Мандатарот Заев вети раст на платите од 20 до 40 отсто

Објавено во: Економија, Македонија 29 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Иновативна, стабилна конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој е планот за четиригодишниот мандат на новата влада, рече денеска мандатарот Заев во собраниската сала каде се расправа за изборот на министрите.

– Во претходните 3 години, во време на решавање на најголемите отворени прашања на надворешен и внатрешен план, покажавме дека можеме да се обезбедиме повисок економски раст кој создава нови работни места, паралелно со повисоки плати и пензии. Покажавме дека може да се постигне историски најниска невработеност, а минималната плата да се зголеми за дури 60 отсто, од 9.000 денари на 14.500 денари за нецели три години, рече Заев. Во првиот квартал во 2020 година кога се случи официјалниот прием во НАТО кој веќе беше најавен на европската и светската сцена и беше сигурен, во државата влегоа за 2,8 пати повеќе странски инвестиции во однос на првото тримесечје од 2019 година. Покажавме што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на огромни последици предизвикани од светската пандемија од невидени размери. Ова за нас е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе. Не само за да излеземе од кризата со што помалку последици, туку и брзо да се вратиме на претходните стапки на раст. Бидејќи очигледно е дека можеме, рече Заев.

Мандатарот во експозето посебно истакна дека и по завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на коронакризата врз светската и домашната економија. 

-Нашите цели се јасни, 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат. Знаеме како и можеме, до крајот на мандатот да ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 %, рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување