07 Мај, 2024
0.0282

Економските ресори на готовс: Можни мерки за спас на економијата

Објавено во: Економија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Економските ресори на Владата будно ја следат состојбата во економијата и стопанството преку домашните економски и финансиски институции, Светската банка и други и врз основа на направените анализи доколку е потребно ќе се пристапи кон воведување на соодветни мерки. 

Ова е еден од заклучоците на Владата по вчерашаната седница на која беа усвоени и дополнителни препораки за заштита од ширењето на корона вирусот Ковид 19. Светската здравствена организација прогласи вчера пандемија од вирусот во светот, а во Макеоднија веќе деветмина се заболени. Поради низата мерки дома, па прекинувањето на некои економски канали со погодените земји надвор како Кина и најмногу Италија, веќе трпи домашната економија. 

Бизнисмените вчера побараа Владата да им помогне на фирмите одвојување средства од Буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

„Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери“, рече Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори.

Слични мерки донесе и италијанската Влада па таму фирмите добија низа олеснувања. Фактор вчера пишуваше дека во земјава носењето на некои вакви стимулации во моментов ќе биде онезвозможено поради тоа што сите законски измени се носат во Собрание, а парламентот во моментов е нефункционален.

А.Т.

Прочитајте и какви последици трпи чевларската индустрија: Се се стопирано - Блокадата на Италија крах за македонската чевларска индустрија.

Туристичките агенции рекоа дека трпат огромни последици од кризата и корона вирусот. Читајте овде


Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?