Од коронавирусот на удар приватните компании, во предизборие малку може да им се помогне
Објавено во: Економија 11 Март, 2020 14:19
Малку ќе биде изводливо Владата да носи одлуки за даночни олеснувања и каква било помош за фирмите кои ќе имаат некакви последици од мерките и ограничувањата поради ширењето на коронавирусот. Клучна причина за тоа е предизборието, односно Македонија сега нема функционален парламентарен состав кој би носел законски измени за какви било мерки. Владата е техничка и носи одлуки кои имат важност, но за мерките кои се бараат ќе има потреба и од промени на законите што сега е малку изводливо. Приватните компании денеска реагираат дека почнале да чувствуваат дека ќе имааат негативни последици од ширењето на заразата и од преземените и други евентуални мерки. Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори вели дека на приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување средства во Буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.
-Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери, вели Арсовска.
Фактор праша во Министерството за финансии дали е возможно на компаниите да им се помогне на каков било начин, па најавениот одговор ќе го објавиме кога ќе биде испратен. Познавачите ги потенцираат како примери олеснувањата кои Италија им ги даде на фирмите во време кога земјата остана во целосна изолација поради ширењето на коронавирусот. Впрочем во Италија има даночни олеснувања и други дирекни стимулации за помош на фирмите кои трпат загуби од наметнатата криза. Слични мерки има и во САД, Германија, Словенија
Макеоднската влада вчера соопшти дека ги затвора училиштата и другите воспитно образовни установи, а по еден родител на деца под 10 години не треба да оди на работа. Самото преполовувањ ена работната сила ќе има влијание на компаниите. МНогу сектори секако се и директно погодени - најмногу туристичките агенции, а туризмот ќе страда навистина.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





