ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Оштетени прозори и автомобили
Објавено во: Балкан 07 Август, 2018
Утрово жителите на Загреб ги пробуди експлозија.
Околу 3 часот утрото и 45 минути во главниот град на Хрватска била активирана непозната експлозивна направа.
Скршени се околните прозори и оштетени се автомобили, кои биле во близина на местото каде била активирана експлозијата. Сега за сега нема дополнителни информации. Истрагата е во тек.