19 Јануари, 2025
0.0276

Екстерно за институциите

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од три години Иницијативата за испитување на уставноста на екстерното тестирање е заглавена во фиоките наУставниот суд. Подносителот, Рајко Домазетоски, родител од Охрид вели дека неговото дете веќе завршило гимназија и ги поминало сите екстерните проверки, но проблемот како што вели е што ниту училиштата, институциите или партиите не направија никаков чекор за оваа најкритикувана реформа да биде прекината. 

Па така според него дозволија преседан  во образованиот процес со кој  беше дозволено негативната оценка, единица, да заврши во свидетелствата на учениците. Јасно е според Домазетоски, кој и зошто го кочи процесот, бидејќи вели власта токму преку овој проект успеа да внесе страв кај учениците, наставниот кадар и родителите. Па така и покрај силните притисоци на јавноста и пленумите екстерното тестирање остана во употреба, а веќе во јануари први во оваа учебна година ќе бидат тестирани  учениците во завршните години од средните училишта.

“Просто е незамисливо повеќе од три години  институцијата која што треба да биде синоним и  олицетворение на владеењето на правото во оваа држава да се однесува толку индеферентно. Според деловникот и уставот, Уставниот суд бил должен  самоиницијативно да расправа и да донесе решение за неуставност на целиот проект и негово стопирање. Но од овој состав на Уставниот суд тоа е илузорно и да се очекува. Клиентелизам напред -стоп за правото.Уставниот суд во рикверц да се движел понапред ќе стигнел. иницијативата  У – бр. 132/2013 што е поднесена уште во 2013 година, и сега бидејќи е од 2013 година веројатно е некаде фрлена во некој ќош па или неможат да ја најдат или е полна со прашина,или уставните судии се плашат од бубараци,  па сега треба да пишувам нова”- вели Домазетоски.

Во јавноста неколку години се отвора полемика за целисходноста  и смислата  од понатамошно имплементирање на екстерното проверување  во основното и средното образование, проект кој според Домазетоски е пред се  контроверзен, недоволно осмислен,  со одредби во законот  кои се нејасни, непрецизни, непотполни, двосмислени  и противречни,  во расчекор со позитивните законски прописи , спротивни на Уставот и  на законите , со  низа пропусти, најмалку  од техничка природа.

Би сакал да појаснам  зошто велам нерегуларен, дали е во ред ученикот има оценка недоволен  (1) по некој предмет а преоѓа во наредна година на образование??. Ова е само еден сегмент  од низата контроверзи на проектот. Заради бројни недостатоци  во неговата методологија  е толку критикуван и  оспоруван, и како резултат на сето тоа во суштина е доведена во прашање неговата регуларност, што пак секако предизвика  бурни реакции од сите инволвирани страни  уште на почетокот на неговата примена во 2012/13 година, а сепак се турка и понатака – кучињата лаат, караванот си врви....”- додава Домазетоски.

Воспоставувањето на овој проект,  предизвика дискусии и револт,  но од друга страна МОН и институциите кои беа негови организатори, Државниот испитен центар во соработка со  Бирото за развој на образованието  и  Центарот за стручно образование и обука го правдаа како успешен проект за  унапредување на образовниот систем.

Посебно нешто што уште повеќе треба да не загрижи што во овој„ проект“ нашите деца се третираат само како бројки кои што понатака статистички ќе се обработуваат. Извинете г-да Кралев, Ристоски, Тодоров и Адеми , меѓутоа нашите деца не се бројки. Бев долги години активен член на советот на родители и во основно и во средно образование,  а и како поранешен член на  Училишен одбор, во нашата гимназија,  мислам дека доволно ја познавам оваа проблематика и сум подносител на Иницијатива  и до Уставниот Суд на Република Македонија.  Какви  ни се законите  за основно и средно образование доволно говори и податокот дека од неговото донесување  истите се изменувани и надополнувани речиси триесет пати”- појаснува Домазетоски од Охрид.

Според него екстерното тестирање ќе биде оправдан проект доколку со него прво бидат опфатени надлежните во институциите за кои како што вели се потребни проверки дали  имаат знаење и квалитет за професионално  извршување својата работа.

“Според мене, со проектот  екстерно проверување треба да бидат опфатени, Уставниот суд – сите негови членови , а посебно неговата поранешна претседателка Елена Гошева затоа што не најдоа за сходно да ја постават на седница  иницијативата  У – бр. 132/2013 што е поднесена уште во 2013 година. Потоа, екстерно за  Кралев, Тодоров, Ристоски и Адеми кои што  како ресорни министри по секоја цена го “туркаа“  проектот и покрај бројните реакции години наназад од сите инволвирани страни и субјекти. Колкав е интелектуалниот потенцијал на некои од нив тешко дека би  поминале и на некој предмет од основно образование.

Следно  за вработените во Државниот испитен центар и Бирото за развој на образование, кои што подготвувајќи ги прашањата се надминале себе си па поставиле прашања  во стилот: Колку ангели можат да застанат на врв од игла ? ( со должна почит кон ангелите), или како се вика  десното топче на главата на полжавот каде што му е окото или Колку овци имала Австралија 1961 година ??? што секако  допринесува за развој на образованието и на воспитно образовниот процес во целина.Екстерно за синдикатот на СОНК и дел од професорите кои што се вклучија во штрајкот  од 20.01.2015 година и никаде во барањата не стоеше  укинување на екстерното туку  само укинување  на казните,екстерно  за ресорните министри во МОН  за  проектот компјутер за секое дете, кој што проект е непосредно поврзан  со проектот екстерно тестирање, бидејќи учениците на него и ги полагаа предметите, меѓутоа и овој проект ( како и повеќе други) заради несоодветна методологија во неговата имплементација  доведе до појава учениците да се сопнуваат на каблите во училниците да туркаат маси и сл. Потоа треба екстерно за цела Влада која што го форсираше . И како последно,  екстерно и за мене бидејќи на парламентарните избори  во 2006 година  гласав за оваа политичка гарнитура, која го воведе екстерното”- објаснува Домазетоски.

Очекува партиите посериозно да се занимаваат со овој проблем и во креирањето на образовните политики да ги вклучат најзасегнатите. Екстерното проверување како што вели треба да се укине, за да можат наставниците и професорите достоинствено и без притисоци да ја извршуваат својата работна обврска, вреднување на работата на наставниците да биде преку точно утврдени индикатори за квалитет на работата на наставникот, а не според резултатите од екстерно тестирање на крајот од секоја година.

Резултатите од екстерните проверки кои се познат метод во дел од европската  образовна пракса служат за пронаоѓање на слабостите во еден воспитно образовен систем, изнаоѓање нови, поефикасни образовни модели и креирање политики кои ќе водат кон подобрување на квалитетот на образованието.


Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите