ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО: Измерени минус 17 степени
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2018
Многу студено време ја зафати Турција.
Во Источна Турција температурите се спуштија до минус 17 степени Целзиусови, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Најниската температура вчера е измерена во градот Текман, во реонот Ерзурум, минус 17 степени Целзиусови.
Снег паѓа во повеќе области во Источна Турција, каде што има многу ниски температури.
Во градот Карс температурата паднала на минус 11 степени, во Ерзурум минус 8 и во Ерзинџан минус 5 степени Целзиусови.