18 Јануари, 2025
0.1534

Електронските рецепти создаваат главоболки кај пациентите, но и кај докторите

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Голем дел од пациентите одат на специјалист со старите испечатени упати, бидејќи матичните лекари уште во целост не препишуваат електронски рецепти и упати.

Во повеќето ординации на матичните лекари можат да се забележат редици пред шалтерите бидејќи медицинските сестри не се снаоѓаат најдобро при електронското упатување и внесување на рецептите. Тоа создава дополнителна тензија и проблеми.

„Забележана е и појава кога пациентите не го почитуваат закажаниот термин, па иако не се итни случаи се јавуваат на преглед уште веднаш, не го чекаат терминот. Сеуште има и грешки и нејаснотии во врска со генеричките имиња на лековите, по што електронскиот рецепт неможе да се реализира. Матичните лакари од незнаење ги бараат лековите по состав и по редослед и компјутерот не им го креира рецептот изјави Милан Аризанкоски проект менаџер во Националниот сервис „Мој термин“.

Од таму потенцираат дека лекарите веќе се вклопуваат и се повеќе го користат овој систем, а со тоа се зголемува боројот на електронски рецепти и упати. Само во јули биле издадени над 1 милион електронски рецепти, а во привите шест дена од август 302 126 вакви рецепти. Најмногу рецепти биле препишувани на хроничните болни, дури 91 процент. .

Најмногу е-рецепти им биле препишувани на старите луѓе на возраст од 60 до 80 години, на нив отпаѓаат 54 проценти од вкупниот број на издадени рецепти. Како и вообичаено ова е популацијата која најмногу оди на лекар.

Според последните статистички податоци, во просек 51 процент од креираните упати, пациентот ги користи истиот ден кога се издадени, додека само 20 посто од болните чекаат два до седум дена, истакна Аризанкоски и додаде дека за само една недела од почеток на месецот се издадени околу 300 000 електронски рецепти и повеќе од 64 000 електронски упати.

Надлежните за спроведување на елетронскиот здравствен систем „Мој термин“ велат дека бројот на издадени хартиени рецепти не изнесува повеќе од 1 процент.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение