04 Мај, 2024
0.0263

ЕЛЕМ: Водата во Охридското езеро е над минималните коти

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

АД ЕЛЕМ  ја информира јавноста дека нивото на водата во Охридското езеро изнесува 693,22, според мерењето што официјално го врши  подружницата на АД ЕЛЕМ, ХЕС Црн Дрим, на мерното место во близина на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим, кај градското пливалиште во Струга.

Ова ниво е за 5 сантиментри над котата 693,17,  која УХМР ја зема како минимална, додека пак минималната кота која е пропишана од Министерството за животна средина во 1980г, како упатство за АД ЕЛЕМ  при производството на електрична енергија, а која до денес не е променета, е 693.10.

Водата која АД ЕЛЕМ ја испушта од Охридското езеро во реката Црн Дрим е минималната пропишана со закон која треба да обезбеди услови за живиот свет во реката. Двете хидроелектрани на  АД ЕЛЕМ  по течението на Црн Дрим работат само на минималниот доток на вода во реката и не се испуштаат дополнителни количини вода за производство на електрична енергија.

Подолго време наназад во Црн Дрим се испуштаат само 3,5 кубни метри во секунда, односно природниот истек со пречник од 25 метри е сведен на отвор од 2,5 метри, истек што задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот во реката Црн Дрим.

Напоменуваме дека нивото на Охридското езеро приридно осцилира во текот на годината, без разлика дали низводно по Црн Дрим се произведува електрична енергија или не. Регулираното осцилирање кое се прави го следи природното, врз основа на водостопанска дозвола издадена од министерството за животна средина, според кој документ дозволено е осцилирање меѓу котите 693.10 и 693.75.

Уште еднаш нагласуваме дека АД ЕЛЕМ секојдневно вложува напори, согласно водостопанската дозвола, да одржи баланс, односно да ја одржи котата на Охридското езеро над минималната, а во исто време во Црн Дрим да испушта вода во количини кои се биолошки минимум, велат од државната енергетска компанија.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски