15 Декември, 2025
0.0307

Елементарна непогода – една четвртина од Словенија без струја!

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2014 20:36

Добивај вести на Viber

Снегот и мразот во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија. Според проценките, без струја се околу една четвртина од словенечките домаќинства. „Состојбата не е добра, станува збор за елементарна непогода од поголеми размери“, оцени словенечкиот министер за одбрана Роман Јакич, по средбата со службите за вонредни состојби. Се проценува дека без струја во различни делови на државата се околу 240.000 лица и дека санацијата на состојбата може да потрае „со денови, па и со недели“. Словенечките власти синоќа прогласија вонредна состојба заради невремето и побараа помош од странство, по што во текот на ноќта пристигнаа дополнителни агрегати од Чешка, Германија и Австрија. Меѓутоа, здравствените служби посебно ги предупредија оние кои за струја користат агрегати на опасноста од труење со јаглерод моноксид во случај на неправилна употреба. Во прекин е сообраќајот на голем дел од регионалните патишта и некои од железничките пруги, па меѓународните возови сообраќаат со задоцнувања, а и локалниот автобуски превоз се одвива со големи тешкотии.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството