Елколкет со голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Република Македонија
Објавено во: Мои пари 04 Април, 2017 14:55
Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата Елколект започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија.
Општините кои се опфатени со оваа еко акција се: Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца , и Ново Село .
Во соработка со училиштата, компанијата Елколект подготви едукативно - информативен материјал и наменски еко кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ќе ги оставаат отпадните батерии кои се создаваат во нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите да ги загадат почвата, подземнитеили површинските води.

Компанијата Елколект како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свестпрвично кај децата за неопходноста од примарна селекција на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад.
Целта на Елколект при спроведување на оваа голема еко акција е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат во животната средина.
Оваа акција Елколект ќе ја спроведе во следните основните училишта:
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




