ЕМОТИВНА ПОРАКА: Новогодишно писмо од таткото на малиот Алјан
Објавено во: Свет, Стил 23 Декември, 2015
Таткото на тригодишното бегалче Ајлан Курди, чие безживотно тело беше исфрлено на брегот на Турција и стана симбол на бегалската криза, испрати емотивна порака во јавноста.
Таткото на Ајлан порача светот да им ги отвори вратите на бегалците и да се сочувствува со нивната болка.
Малиот Ајлан патуваше на брод преполн со бегалци од Сирија, кој се превртил откако исплови спрема грчкиот остров Кос. Неговиот петгодишен брат Галип Курди и неговата мајка Рехан исто така се удавија.
„Во ова време на годината, сакам да ве замолам да размислите на болката на татковците, мајките и децата кои бараат мир и сигурност. Ве молам да покажете само малку сочувство” – порача Абдула Курди.
Повеќе од четири милиони луѓе избегале од Сирија од почетокот на граѓанската војна, а само во една година скоро милион бегалци пробаа да стигнат до Европа и Северна Америка.
“Ние, Сиријците, ја нупштаме нашата земја поради војната. Сите стравуваме за своите деца, за нашето достоинство. Таму има бури од бомби, експлозии и таму се борците на Исламската дражава. Има безброј проблеми од кои сакаме да се спасиме” – објасна Абдула Курди.
Фотографијата од безживотното тело на неговиот син, стана симбол на голготата на бегалците и беше пресвртница во јавната дебата на оваа тема.