ЕМОТИВНИ СЦЕНИ ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ АГОНИЈА - Осуммината Хрвати заедно со своите деца ја напуштаат Замбија
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2023
Осумте ослободени хрватски државјани, заминуваат од Замбија заедно со своите посвоени деца.
Тие поминаа точно шест месеци во Замбија, и во притвор и на слобода, но без можност да ја напуштат земјата. На првиот ден од декември тие отпатуваа за Виена од каде полетаа за Замбија. Вчера, првиот ден од јуни, тие беа ослободени.
Хрватскиот амбасадор во Египет, Томислав Бошњак рече дека на овие хрватски граѓани им се случија немили настани, па амбасадата ќе се погрижи тие нејаснотии што постоеја до сега со закони и правила, да се разрешат на билатерални средби, за да не се повторат.
„Тоа беше тест за сите нас“, рече амбасадорот Бошњак.
На прашањето каква била средбата меѓу родителите и децата, тој вели: „Беше апсолутно емотивна. Секој треба да запомни дека мајките и татковците не ги виделе своите деца 6 месеци, освен минатиот петок. После 6 месеци овие деца им ги пружаат своите раце и се радуваат. Секој може да има тврдо срце, но таквата сцена ги омекнува и најтешките.
Случајот го коментираше и хрватската адвокатка на уапсениот пар Сандра Марковиќ.
„Сега веќе не мораме да коментираме правно. Ова е човечки осврт, сите сме воодушевени. Сè уште го чекаме овој последен чекор за тие всушност да слетаат на хрватска почва за да бидеме среќни и да видиме дека оваа агонија конечно е готова“, изјави Сандра Марковиќ за ХРТ.
Премиерот Андреј Пленковиќ го коментираше случајот.
„И пред и после седницата на Владата бев во контакт со амбасадорот Бошњак. Хрватската влада и дипломатијата ја пружија сета конзуларна помош и заштита во оваа ситуација која трае веќе шест месеци. Во текот на утрото беше спроведена управната постапка. Задоволни сме што ситуацијата заврши на овој начин“, рече тој.
Индекс.хрФото: Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица
