03 Мај, 2024
0.0318

Енергетски реформи ама и големи маани: Нафтените резерви се намалуваат, пари нема

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Надоместокот за компаниите кои ги чуваат државните резерви на нафта, а кој државата не го плаќа, но и количината на резерви што ја има Македонија - тоа се едни од клучните нерешени проблеми во енергетиката. За нив свои забелешки има и Европската енергетска заедница (ЕЕЗ). Директорот Јанез Копач од Скопје потенцираше дека ова прашање кое неколкупати се одложува набрзо треба да се реши. И ЕЕЗ очекува Министерствто  за финансии набрзо да ги донесе подзаконските акти со кои на Окта, Макпетрол и на Лукоил ќе им се плаќа компензација за чувањето на резервите. Она што се познато е дека во исто време резервите цело време се намалуваат, оти државата не набавува доволно за резервите, а постојано позајмува од нив за итни интервенции во транспортот или за греење.

„Нивото на нафтените резерви во Македонија кое беше највисоко во целата енергетска заедница се намали, а причината се нерешените односи помеѓу сопствениците на нафтени резерви, ОКТА, Макпетрол и државата, и по четири  години од усвојувањето на Законот. Но, добивме уверување од Владата  дека  во следните месеци овој спор ќе биде решен, а тоа мора да биде направено со усвојување на подзаконски акти кои ќе наметнат цена на надоместот за сопствениците кои ги чуваат нафтените резерви, истакна Копач.

Уљуси Бекири директор на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта за Фактор веќе изјави дека тие дале препорака да се одреди надоместок за услугата, но дека Македонија допрва треба да ги формира резервите.

Ние дадовме став дека надоместокот треба да се регулира, односно да се донесе нова уредба со која на нафтените компании ќе им се плаќа надоместокот. Треба да се најде решение според кое висината на надоместокот ќе биде прифатлива и за државата и за нафтените компании. Проблемот кај нас е што ние впрочем не сме ги оформиле законските нафтени резерви и практично ги докупуваме, па финансиски е тешко ако надоместокот биде повисок, вели Бекири.

Пред две недели пратениците ги усвоија измените на законот за задолжителни резерви на нафта со кои до 2020 година се одложуваат измени кои требаше да стапат на сила годинава а меѓу кои и тоа државата да не смее да ги користи резервите по потреба на државни и градски фирми за греење и транспорт. Токму во тоа е и клучниот проблем, оти и сега во моментов Македонија сега има резерви за 65 дена, а планот е резервите да покриваат 90 дена.

Фактор веќе пишуваше дека Македонија е единствена земја во која не се плаќа компензацијата, туку со посебна уредба чуварите може да користат 30 отсто од резервите. Во моментов во Министерството за финансии има работна група која работи на подзаконските акти и како што веќе објавивме се договара цената. Владата, според наши сознанија преговара надоместокот да биде што помал. 

Нафтените компании кои ги чуваат резервите од поодамна реагираат на практиката да ги чуваат резервите за без пари. Ако уредбата се пролонгира, и оваа година треба да останат без денар.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски