20 Декември, 2025
0.1255

Ердоган ја обвини „Исламска држава“, курдските милитанти и сириското разузнавање за нападот во Анкара

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2015 13:55

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјавил дека зад самоубиствениот бомбашки напад во Анкара од 10 октомври, во кој загинаа 102 лица, стојат „Исламска држава“, курдските милитанти и сириското разузнавање.

„Велат дека „Исламска држава“ го извршила нападот. За мене ова е колективен терористички акт. Во него учествувале „Исламска држава“, Курдската работничка партија (ПКК), сириското разузнавање и партијата „Демократски сојуз“ на Курдите во Сирија (PYD). Сите тие го планирале заедно овој напад“, изјавил претседателот.

Турските власти успеале да идентификуваат еден од атентаторите. Неговото име е Јунус Емре Алагиоз, пренесе агенцијата „Анадолија“. Се смета дека тој бил член на „Исламска држава“ на територијата на Турција.

Според обвинителството нападот во Анкара е поврзан со оној во Суруч, извршен на 20 јули. Инспекторите утврдиле дека Алагиоз е брат на мажот, кој го извршил нападот во Суруч, во кој загинаа 33 лица, потсетуваат весникот „Заман“.

Се смета дека и двајцата браќа се членови на „Исламска држава“ во југоисточната провинција Адиман. Личноста на вториот бомбаш-самоубиец се уште не е специфицирана.

Иако индициите против „Исламска држава“, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил пред време дека најверојатно како „Исламска држава“, така и борците на Курдската рбаотническа партија (ПКК) имаат улога во атентатот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација