19 Мај, 2024
0.0258

Ердоган кон турскиот народ: Задржете го спокојството

Објавено во: Балкан 24 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Во телевизиското обраќање ноќеска претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган го повика турскиот народ да се смири во однос на ситуацијата по неуспешниот обид за државен удар пред една недела.

„Овој обид за државен удар беше наменет не само против државата, против владата и парламентот, но и против турските вооружени сили, но и тие и сите наши војници се вредни за нас. На 15 јули успеавме да ги избавиме турските вооружени сили од овие терористи променети во воени униформи. Така, со неуспехот на овој обид за вооружен преврат Турција влезе во нова ера“, рече турскиот претседател.

Според зборовите на Ердоган земјата се спасила од болеста и оди кон заздравување, економијата е стабилна и се развива, пренесоа турски локални медиуми.

Не очекуваат нови и значајни проекти, истакна уште шефот на турција, како и ветил дека ќе ги исчисти сите државни структури од приврзаниците на Фетхуллах Ѓулен, кој е обвинет од властите како одговорен за организирање на бунтот.

Турскиот претседател објаснил уште дека бројот на уапсените воени и цивилни лица е 13 156 лица. „Секој кој учествувал во превратот, ќе биде изведен да одговара за своите постапки пред државата, силите за безбедност и судството. Досега се приведени над 13 165 лица, а 5 863 ги чека суд. Од нив 123 се генерали, 282 се високи полициски службеници, а 1 559 се судии и обвинители“, рече Реџеп Ердоган.

Со декрет, објавен во Службен весник, периодот за задржување е продолжен од четири дена до еден месец.

Затворени се и 934 училишта, 109 студентски домови, 15 универзитети и 104 фондации, како и 35 здравствени институти, а исто така и 1 125 добротворни организација и 19 сојузи, истакнал во телевизиското обраќање Ердоган.

Според изјавата на премиерот Бинали Јилдирим Турција нема намера да продолжи да воведе вонредна состојба по истекот на тримесечниот рок, но ќе го направи тоа, ако треба. Премиерот исто така, рече дека претседателската гарда ќе биде распуштена, бидејќи повеќе нема да има потреба од неа. Главната опозициска Републиканска народна партија, која се солидаризира со владата и Ердоган против обидот за преврат, свикува денес митинг на плоштадот „Таксим“во Истанбул, на кој се очекува да присуствуваат и одговорни функционери на владејачката Партија на правдата и развојот. Од 15 јули наваму има бум во продажбата на знамиња со кои граѓаните учествуваат во протестите. Производителите увезуваат ткаенини од странство, за да се задоволи побарувачката.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел