19 Мај, 2024
0.0277

Ердоган се закани: Турција ќе најде други добавувачи на енергенси

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјавил дека неговата земја ќе најде други добавувачи на енергенси освен Русија.

Можно е да се најдат други добавувачи, изјавил Ердоган во телевизискиот говор, имајќи предвид за Азербејџан и Катар. Тој увери денеска дека засега нема никаков знак овие репресивни мерки дека ќе ја засегнат енергетиката, но потврди дека во текот на неделата потпишал со Катар договор за испорака на течен гас. Во однос на запрениот проект „Турски поток“, Ердоган изјавил дека самите Турци го прецртале пред некое време, бидејќи Москва не одговорила на барањата на Анкара.

На 24 ноември турските воздухопловни сили соборија руски борбен авион „Су-24“ во небото над Сирија. Овие акции на Анкара за кои презеде одговорноста самиот премиер Ахмет Давутоглу, нагло ги влошија односите помеѓу двете земји.

На крајот на минатата недела Русија воведе санкции кои влијаат на увоз на овошје и зеленчук, градежниот сектор и патувањата на руски државјани на одмор во Турција. Во исто време се појавија информации кои сеуште не се потврдени официјално дека турските власти го одложуваат патувањето на руски бродови преку Босфорот, од каде се остварува голем дел од извозот на руската нафта.

На 3 декември рускиот министер за енергетика Александар Новак најавил дека Москва го прекинува проектот за гасоводот „Турски поток“. Тој предвидуваше да се испорачува руски природен гас директно за Турција, за да се заобиколи т.н. западен пат преку Украина и Бугарија. Москва планираше да се откаже од него во 2019 година.

Турција е вториот по големина пазар за извоз на рускиот гасен гигант „Газпром“ по Германија. Анкара задоволува речиси 60% од своите потреби за сметка на рускиот увоз. Освен од Бугарија таа добива руски гас и од „Син поток“.

Турција, исто така, увезува „сино гориво“ од Азербејџан. Тоа може да се потпре дополнително на 6 милијарди кубни метри гас од вториот дел на „Шах Дениз 2“ најрано во 2019 година, па дури и да се забрза работата на гасоводот „ТАНАП“ и тој да биде изграден порано од предвиденото и по него да потече азерски гас.

Турција увезува мали количини на гас и од Иран, но речиси секоја зима поради недостаток на доволни количини „сино гориво“ Техеран е принуден да го запира извозот. Недостатокот Анкара секогаш го покривала за сметка на зголемената потрошувачка на руски гас. Москва никогаш порано не ја одбивала Турција да им ги продаде потребните количини. Турција, исто така, може да увезува течен гас од Катар во терминалите за „ТПГ“.

Најголемиот проблем со кој Турција допрва ќе се соочи, е поврзан со сложената геополитичка ситуација на Блискиот Исток и особено на обновениот конфликт со Курдите. Предвесник за него стана нападот од крајот на август оваа година. Тогаш непознати борци го разнеле гасоводот „Баку-Тбилиси-Ерзерум“ од кој Анкара добива азерски гас. Инцидентот покажа колку несигурни се испораките на природен гас од регионот на Каспиското Море. Нешто повеќе овој нафтовод е главниот и единствениот на кој Азербејџан може да го испорачува своето „сино гориво“.

Покрај тоа голем купувач на руски јаглеводороди Турција и Русија се договорија за изградба на 4 нуклеарни реактори. Во моментов проектот АЕЦ „Акјују“, кој се спроведува од „Росатом“, не е запрен. Тој е во вредност до 20 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел