Ердоган вели дека е грешка што НАТО ја прими Грција, а сега не ги сака Финска и Шведска

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2022
Турција не ги сака Финска и Шведска во НАТО. Ставот го соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган рече дека Турција не може да ги поддржи плановите на Шведска и Финска да се приклучат на пактот, затоа што скандинавските земји се „дом на многу терористички организации“.
„Ги следиме развојот на настаните во однос на Шведска и Финска, но немаме позитивни ставови“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.
Тој вели дека е грешка што НАТО ја прифати Грција како членка во минатото. Турција официјално го поддржуваше проширувањето откако влезе во НАТО пред 70 години. Секоја одлука за проширување мора да биде донесена едногласно.
Шведското Министерство за надворешни работи не ја коментираше изјавата на Ердоган, наведува Ројтерс.
Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение и постепен пристап како одговор на отпорот на Турција кон членството на Финска и Шведска во НАТО, објави „Ројтерс“.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, двете земји изразија желба да станат членки на НАТО.
Можеби ќе ве интересира
ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКАТА: Студент загина на апсолвентска екскурзија во Прага - ДИРЕКТОР ЕДВАЈ ЗБОРИ ОД ШОК

НОВАК ПОВТОРНО Е НАЈДОБАР НА СВЕТОТ: Не помагаат ниту американските забрани, Србинот повторно го презеде тронот!

НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ - Еве во каква состојба е осумгодишното девојче спасено од заробеништвото од сопствениот татко

Уапсен сообраќаен инспектор за железничката несреќа во Грција

САХАРСКА ПРАШИНА ЈА ЗАДУШИ СРБИЈА: Доаѓа ли во Македонија?

ПРОДАВААТ СЕ ЗА ДА СЕ ЛЕЧАТ ОД РАК: Србите од југот со тужби за НАТО заради бомбардирањето

НАМЕСТО ДО ВЛАДИНА СТРАНИЦА, ЛИНК ВОДИ ДО ПОРНО СТРАНА: Катастрофална грешка или несреќна случајност? Србите во шок!

ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ЗАГИНА ВО НЕГОВИОТ ДОМ ВО РУСЕ - Мајката фатена со дрога
Анализа на отпадни води утврди дека во Загреб помалку се конзумира кокаин
