19 Мај, 2024
0.0264

ЕРДОГАН ЗА СМРТНА КАЗНА: ЕУ не дава безвизен режим за турски граѓани

Објавено во: Балкан 19 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Европската унија (ЕУ) нема да воведе оваа година безвизен режим за турските граѓани, како што предвидуваше договорот за ограничување на бегалскиот поток што Брисел и Анкара го склучија во март.

Ова го соопшти еврокомесарот за дигиталната економија и општество Гинтер Јотингер, цитиран од агенциите.

Одлуката на европските институции е поради настаните по обидот за пуч во Турција и масовните апсења. Стравувањата се дека политичката поделеност и тензиите во земјата ќе се зајакнат уште повеќе.

Околу 20 000 вработени во полицијата, администрацијата, судството и воени лица беа приведени или отпуштени откако беше спречен обид за државен удар во Турција во текот на ноќта во петок спроти сабота, потсетува новинската агенција.

Јотингер посочи дека нема да има одлука за безвизно патување до крајот на годината, иако законот за укинувањето на визите за турските граѓани е веќе доведен во Европскиот парламент (ЕП).

Од зборовите на еврокомесарот станува јасно дека одлуката е поради можноста Турција да ја врати смртната казна по обидот за пуч.

„Смртната казна е неспојлива со нашите вредности. Ниту една земја не може да стане членка на ЕУ, ако воведе смртна казна“, коментира тој.

Јотингер додава дека не може ЕУ да прифати и држава, која им се заканува на новинари затворајќи опозициски медиуми и отстранувајќи од работа судски службеници.

Еврокомесарот инсистира претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да одговори на загриженоста на ЕУ за владеење на правото во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел