30 Декември, 2024
0.0294

Ескобар му дава два дена рок на Курти да одговори на нивните барања

Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Курти има нацрт на ЗСО, но го чува во тајност, вели специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. 

Тој денеска изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има план за создавање Заедница на српски општини (ЗСО), но дека тој моментално се држи во тајност, пренесува „Репортери“. Ескобар не откри дали нацрт-статутот е подготвен од Косово или од Европската Унија, но додаде дека Курти има два дена да одговори на барањата што му ги поставија ЕУ и САД. Тој објасни дека до петок заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, ќе ја информира јавноста дали има напредок или не.

„Курти и Вучиќ имаат рок до петок, бидејќи во петок Лајчак и јас им даваме одговорност на претпоставените“, додаде тој.

Ескобар наведува дека Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот од Косово, како и дека нема план Б за договорот од Охрид кој мора да се спроведе и дека веднаш мора да почне формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Според Ескобар, ако Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и тоа не може да помине без последици.

Тој посочува дека САД, ЕУ и сите меѓународни партнери се согласни дека е неопходноа нормализација на ситуацијата во Косово, предупредувајќи дека ако тоа не се случи, а односите се влошат, последиците за Приштина ќе бидат долгорочни.

Ескобар и Лајчак се во Приштина од понеделникот вечерта, каде разговараа со Курти, со претседателката на Косово Вјоса Османи, со претставници на трите најголеми опозициски партии на Косово и со Српска листа.

На двочасовната средба што ја имаа со Курти, тие му доставиле три барања, но Лајчак рече дека не се договориле за барањето за избори.

Инаку, Косово десет години го одложуваше формирањето на СЗО. Србите бараат формирање на ЗСО, но и повлекување на косовските специјалци од северно Косово. Минатата недела во Звечан имаше немири баш поради овие отворени прашања. Србите ги бојкотираа изборите, а градоначалниците Албанци ги сметаат за нелегитимни. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦОТАКИС ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ГРЦИ НА СЕЛО: Може ли ова да вроди со плод?

МИЦОТАКИС ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ГРЦИ НА СЕЛО: Може ли ова да вроди со плод?

ПРЕСУДА ВО БЕЛГРАД ПО ЗЛОСТОРСТВОТО ВО РИБНИКАР - Таткото на момчето доби 14,5 години затвор, мајка му три години

ПРЕСУДА ВО БЕЛГРАД ПО ЗЛОСТОРСТВОТО ВО РИБНИКАР - Таткото на момчето доби 14,5 години затвор, мајка му три години

Зоран Милановиќ „растура“ на денешните претседателски избори во Хрватска

Зоран Милановиќ „растура“ на денешните претседателски избори во Хрватска

ОДАМ НА СОСТАНОЦИ ВО АМЕРИКА - градоначалникот на Тирана негира бегство, Бериша обвинува за „организирани дела“

ОДАМ НА СОСТАНОЦИ ВО АМЕРИКА - градоначалникот на Тирана негира бегство, Бериша обвинува за „организирани дела“

„НЕ ГО СЛУШАА, ИАКО ГИ МОЛЕШЕ ДА НЕ ГО ПРЕМЕСТУВААТ“: роднините на метеорологот пронајден мртов во БиХ со шокантно тврдење

„НЕ ГО СЛУШАА, ИАКО ГИ МОЛЕШЕ ДА НЕ ГО ПРЕМЕСТУВААТ“: роднините на метеорологот пронајден мртов во БиХ со шокантно тврдење

КРВНА ОДМАЗДА КАЈ ТРАВНИК: Човек убил маж кој пред десет години му го убил синот

КРВНА ОДМАЗДА КАЈ ТРАВНИК: Човек убил маж кој пред десет години му го убил синот

БЕЛГРАД: Автомобил ја проби блокадата, удри студент и го носеше на хауба

БЕЛГРАД: Автомобил ја проби блокадата, удри студент и го носеше на хауба

ЧИНИ НАД ДВE МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Каква функција ќе има грчката „Железна купола“?

ЧИНИ НАД ДВE МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Каква функција ќе има грчката „Железна купола“?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?