ЕТА го предава оружјето и ќе прослави во Бајон
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Баскиската сепаратистичка група ЕТА целосно се разоружува.
Таа на полицијата достави листа со 12 од своите магацини со оружје во знак дека процесот на разоружување е во тек, објавува електронското издание Euronews. Овие податоци се предадени на француската полиција преку посредници во мировниот процес, кои се претставници на француското цивилно општество.
ЕТА најави дека денеска ќе ги предаде своите оружја на властите, поставувајќи крај на повеќе од четири децении вооружена кампања за независна држава во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција.
Сепаратистите крајот на вооружената борба денеска ќе го прослават во Бајон во Франција.
ЕТА во средината на мај најави до 8 април целосно да го предаде своето оружје, речиси 60 години по своето основање. Вчера еден француско-баскиски активист пак рече дека разоружувањето на ЕТА е веќе завршено, а станува збор наводно за околу 130 парчиња оружје и два тони експлозив, складирани претежно на француска територија.
По убиени повеќе од 850 лица при напади, организацијата прогласи прекин на огнот во 2011 година.