18 Јануари, 2025
0.0394

Етикета за „шардоне“ на Тиквеш ќе креираат дизајнери од цел свет

Објавено во: Мои пари 06 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Дизајнери од целиот свет до 15 септември може да конкурираат на меѓународниот повик за креирање етикета за виното „шардоне“ на „Тиквеш“.

Огласот го отвори Skopje Design week (SDW) на својата интернет страница во четвртокот и на него се очекува решенија да достават сите заинтересирани, домашни и креативци од странство. Десетте најдобри ќе бидат изложени на претстојната Skopje Design week, што ќе се одржи од 1 до 6 октомври во Куршумли Ан, а првонаграденото ќе добие 30.000 денари. - Ова е уникатна шанса за странските, но и за домашните дизајнери, особено помладите кои не добиваат можност да бидат афирмирани преку свој дизајн и истовремено да бидат парично наградени, рече денеска директорот на Skopje Design week Александар Велиновски.

Според него, соработката со „Тиквеш“ покажува дека во Македонија има бизнис ентитети кои наоѓаат слух за професионален и одржлив пристап кон својот производ. - Се менува менталитетот, компаниите стануваат свесни дека се што е оригинално „спакувано“ има поголема вредност, дизајн на автомобил, мебел, облека,...како и за неопходноста од сериозен, професионален пристап во оваа насока. Такви примери има повеќе, во различни сектори, рече Велиновски.

Најважниот сегмент на Skopje Design week, додаде, е токму препознавањето на потребата за дизајн од страна на бизнис заедницата.

- Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ недвосмислено ги поддржува иницијативите за поголема промоција и развој на дизајнот, како и на креативноста во земјава. Сакајќи да дадеме придонес и вистинска поддршка и да ги поттикнеме сите што се занимаваат со дизајн, одлучивме на едно од нашите најпродавани вина да му дадеме нов визуелен израз кој ќе носи авторски потпис, велат од „Тиквеш“.

Оценувањето на пристигнатите предлози ќе го изврши интернационално жири, а победничкото решение ќе биде дел од регионалната изложба на „Тиквеш“ во 2014 година.

Шишето „шардоне“ со новата етикета ќе може да се најде во продажба идната година.

Skopje Design week се одржува трета година со идеја на едно место да собере креативци кои се занимаваат со нови, иновативни дисциплини и алтернативни правци во дизајнот.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение