ЕУ го отвора патот кон членство на Косово и Србија
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2015 12:49
Европската унија ќе потпише договор со Косово следната недела, со што ќе го отвори патот за пристапувањето на оваа балканска земја кон блокот и ќе ја привлече Србија поблиску до Заедницата.
Белград од своја страна нема да ја признае независноста на Косово. Тоа го изјавија властите во земјата по низата јавни дебати што се одржале во Србија. Токму односите со Косово се проблем во разговорите на Србија за влез во Европската унија.
Европската унија го постави прашањето за признавањето на Косово како дел од преговорите за усвојување на Србија како членка на Заедницата. Иако имаше многу шпекулации за тоа дали ќе има пресврт во стратешките приоритети на Белград или ќе бидат објавени предвремени парламентарни избори, ништо ново не се случи.
Во почетокот на октомври се појавија информации во печатот дека ЕУ преговара за глава 35 од преговорите за членство во Заедницата. Глава 35 е поврзана со односите со Косово.
Следеа жестоки реакции на високите државни службеници, кои тврдеа дека членството во ЕУ не престанало да биде од витално значење за Србија. Сепак Белград планира да ги спроведе сите обврски кои ги презеде кон Косово.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




