20 Декември, 2025
0.0407

ЕУ ИСТРАЖУВА СКАНДАЛ: Загрозен е целиот финансиски свет

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2016 09:57

Добивај вести на Viber

Европските регулатори за заштита на пазарното наддавање покренаа истрага против неколку банки поради сомнение дека ги договорале цените на државните обврзници.

Европската комисија испрати прашалници на групи пазарни актери, барајќи од нив информации за цените на долгот на меѓународните и нивоа под државите, како и долгови на државни агенции, а истрагата е во почетна фаза, пишува познатиот лондонски дневник Фајненшел тајмс.

Европските регулатори сакаат да утврдат дали банките можеби формирале картел, напоменува весникот, повикувајќи се на упатени извори блиски до истрагата.

На тој пазар обврзници издаваат Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и регионалните кредитодаватели како германските регионални банки. Обврзниците обично се покриени со имплицитни или експлицитни гаранции, истакнува ФТ.

Томсон Ројтерс посебен сервис ИФР извести во јануари, повикувајќи се на неколку извори, дека американското министерство за правда истражува четири лондонски трговци со такви видови на долг поради сомнение дека можеби манипулираат со неговите цени.

Министерството истражува жалби дека трговците во неколку банки договорале цени и делеле информации за одредени американски државни доларски обврзници во посебни комуникациски сервиси на Интернет, користени исклучиво во тие цели, рекле извори. Во министерството не сакале да ја коментираат таа информација.

ФТ пишува дека истрагата во ЕУ веројатно почнала во исто време кога и таа во САД.

Европските регулатори веќе одредиле неколку милијарди евра банкнотни казни за банките поради договорањето на нивото на клучни финансиски показатели.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба