14 Декември, 2025
0.0343

ЕУ преплавена од евтини трговски марки

Објавено во: Свет 11 Декември, 2012 13:16

Добивај вести на Viber

Oсиромашувањето на европските потрошувачи е причината поради која  произведувачите се’ почесто лансираат поевтини трговски марки наречени “популарно позиционирани производи“ (ППП).
Нова жртва на кризата е потрошувачката на домаќинствата која во Франција паднала за 0,2 отсто во октомври, според податоците на ИНСЕЕ, француски завод за статистика, а намалени се и трошоците за храна и козметика кои најдолго време му оддолеале на падот.
Сепак големите брендови не се изненадени од оваа сиромашна состојба во која се наоѓаат потрошувачите, пишува францускиот “При мач“.  Уште од 2009 година познатите светски компании излегуваат на пазарот со нови трговски марки, поевтини од традиционалните. Некои на почетокот се наменети само за земјите во развој, пред да бидат комерцијализирани во Европа, објаснува Ив Марен од консултантската куќа “Курт Салмон“.
Овие “популарно позиционирани производи“, според терминологијата во маркетингот, им овозможуваат на произведувачите да не ја деградираат цената и квалитетот на главните марки, истакнува Марен.
Така во 2009 година на ултра конкурентниот пазар на пелени за бебиња компанијата  П&Г, светска марка број еден во оваа бранша заедно со Памперс, лансираше 20 отсто поевтина марка “Памперс симпли драј“.
Успешен пример за прилагодување на тенденциите на пазарот е и компанијата Нестле со својот поевтин производ за масовна потрошувачка Нескафе три во едно.
Гиганти од агробизнисот се обидуваат да се спротистават на последиците од опаѓањето на куповната моќ со бројни акции за потрошувачите, вели Марен, додавајќи дека, според наводите на претставниците на групата Карфур, францускиот синџир на хипермаркети, некои производи, како што се пелени и детергенти, понекогаш се продаваат по фабричка цена.

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала