20 Мај, 2024
0.0255

ЕУ, Русија и Украина не планираат нови разговори за зимските резерви на гас

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија, Русија и Украина не разговарале за закажување на нов датум за трилатерални преговори, кои ги гарантираат испораките на руски гас преку зимската сезона за Европа. Ова го соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од агенциите.

Трите земји дискутираа за ситуацијата на 9 декември 2016 година во Брисел, но не постигнаа конкретни решенија. За време на разговорите беше постигната согласност дека Украина треба да обезбеди уште меѓу 1,5 и 4 милијарди кубни метри во складиштата. Киев сепак сака да биде потпишан и дополнителен договор кон постоечкиот договор со Русија за испорака на гас.

Руската страна сепак ја отфрла таа можност.

Од почетокот на јануари поради пониските температури од вообичаеното  во регионот Украина црпи двојно количини гас од своите складишта- по 100 милиони кубни метри на ден.

Голем дел од потрошувачката се покрива и од локална екстракција, стана јасно од извештајот на вицепремиерот на земјата Владимир Кистион пред некој дена. 

Од ноември 2015 година Киев не купува гас директно од "Газпром",туку преку обратни врски со соседните земји. Мотивот кој го посочуваат Украинците, е дека така гасот е поевтин.

Во декември Украина купувала гас при просечна цена од 230 долари за 1.000 кубни метри, дополнува РИА Новости, повикувајќи се на информации на украинското Министерство за енергија.

Во студените денови "Газпром" извезува рекордни количества гас кон Европа. На 11 јануари пример биле доставени 624 милиони кубни метри гас дневно за европските клиенти на компанијата. Рекордни се волумените, доставени по "Северен тек" - по речиси 165 милиони кубни метри дневно.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети