30 Април, 2024
0.0256

Ќе почне да се наплаќа влез во земјите членки на Шенген зоната

ЕУ ВОВЕДУВА ШОКАНТНА МЕРКА: Ако сакате да патувате во Европа, ќе мора да си платите!

Објавено во: Свет 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Со воведување на идниот европски механизам за регистрирање на странски посетители (ETIAS), влез во земјите членки на Шенген зоната ќе почне да се наплаќа. Оваа мерка би требало да донесе помеѓу 500 милиони и две милијарди евра приходи годишно, наведува порталот EurActiv.fr.

Европската комисија поттикната од Германија и Франција, планира да воведе механизам на задолжително регистрирање, а тој ќе се однесува на државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, а не им се потребни визи за влез во Шенген зоната.

Влезот би чинел 13 евра и со тоа европскиот буџет би се дополнил со повеќе од 500 милиони евра. Меѓутоа, не е сигурно дали цената на влез ќе биде 13 евра, бидејќи постои наговестување дека таа би можела да биде поголема.

Овој механизам е инспириран од американсиот систем ЕСТА. Тој патниците ги чини 14 долари и на САД и донел богат прилив, од 177,8 милиони долари во 2013 до 193,2 милиони во 2015 година, кога во земјата влегле 13,8 милиони луѓе.

Во Европа сличен систем на регистрирање би можел да донесе и повеќе пари, со оглед на тоа дека Европа е прва туристичка дестинација во светот со 609 милиони туристи колку што се забележани во 2015 од вкупно 1,2 милијарди на светско ниво според податоците на Светската туристичка организација. Според проценките на ЕК на основа на седумдневни тестови на границите на ЕУ, земјите членки на Шенген зоната примиле во 2014 година 30 милиони луѓе од зони на кои не им се потребни визи, а тој број би требало да порасне на 39 милиони во 2020 година.

Целта на проектот ЕТИАС, како што наведуваат неговите заговорници, е да ја зајакне безбедноста на ЕУ, иако неименувани британски извори тврдат дека финансискиот аспект е важен, бидејќи овој проект би можел да стане нов извор на приходи за ЕУ.

Следното прашање кое се поставува е дали Британците ќе мора да плаќаат влез во Шенген зоната доколку отстапат од единствениот пазар. Комисијата сепак одлучила Британија да не ја опфати со овој проект кој би требало да биде поставен во ноември, наведува порталот EurActiv.fr.

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)