19 Мај, 2024
0.0273

Еурокомпозит брои ситно … ќе доживее ли конечно инвеститор?!

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Иако во текот на 2013 година Еурокомпозит два пати беше нуден на продажба, ниту еден од потенцијалните инвеститори не достави понуда и не стана сопственик на загубарот. Владата со години наназад бара инвеститор за оваа компанија, но ниту еднаш до сега не излезе со став до кога ќе го толерира негативното работење на Еурокомпозит и ќе ги покрива загубите, наместо да побараат од менаџерите на компанијата санационен план или некоја друга алтернатива – што доколку за Еурокомпозит неколку последователни тендери нема инвеститор?! Околу 380 вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит од Прилеп за два дена ќе го знаат епилогот -  дали и оваа година компанијата ќе трупа загуби и ќе доцни со плати или сепак, олицетворение на спасот ќе биде нов инвеститор. Четири компании веќе подигнаа тендерска документација, но се уште ниту една од нив не доставила понуда за купување на 3.708.038 акции, сопственост на државата. Две компании од САД, една од Турција и една од Хрватска се потенцијални инвеститори за прилепската компанија која произведува композитни материјали. Хрватски Ѓуро Ѓаковиќ го меркаше Еурокомпозит, но сепак се реши да инвестира во МЗТ! Берзата се уште не нуди информации за тоа како Еурокомпозит ја заврши 2013 година. Од Владата за Фактор не коментираат дали хрватската компанија која подигнала тендерска документација е токму Ѓуро Ѓаковиќ, која на последните два тендери покажа интерес за Еурокомпозит. Но, наместо во прилепскиот загубар, пред неколку месеци се реши да произведува оружје од Металски Завод Тито од Скопје. “Во рамките на актуелниот јавен повик за продажба на акциите на државата во 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп, една од компаниите која подигна тендерска документација беше Ѓуро Ѓаковиќ Холдинг, но дали таа е се уште заинтересирана за оваа инвестивција ќе дознаеме наскоро“, кусо објаснија од Министерството за економија. Истите инвеститори и сега и на минатиот тендер?! Американска, Хрватска, Турска и компанија која е во фаза на основање од страна на две физички лица во Америка беа заинтересирани за купување на Еурокомпозит и во септември минатата година. Секоја од нив плати по 1.000 евра за ја да подигне тендерската документација за прилепскиот загубар. Иако во текот на 2013 година Еурокомпозит два пати беше нуден на продажба, ниту еден од потенцијалните инвеститори не достави понуда и не стана сопственик на загубарот. Владата со години наназад бара инвестотор за оваа компанија, но притоа ниту еднаш до сега економските министри не излегле со став до кога ќе го толерираат негативното работење на Еурокомпозит и ќе ги покриваат загубите, наместо да побараат од менаџерите на компанијата санационен план или некоја друга алтернатива – што доколку за Еурокомпозит неколку последователни тендери нема инвеститор?! “За учество на тендерот ќе треба да се достави банкарска гаранција од 68.000 евра, бонитет за последните 3 години од по 2 милиони евра, програма за дополнителни инвестиции кои треба да ги реализира инвеститорот во период од 3 години, при што ќе се задржат на работа сите вработени. Дејноста на производството не смее да се менува“, стои во тендерот. К.П

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа