Добивај вести на Viber
Еуромакс Ресоурцес донираше спортска опрема за потребите на основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ од Иловица, општина Босилово.
На овој настан, свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор и главен и извршен директор на Еуромакс Ресоурцес, Cтив Шарп.
„Градењето на партнерски однос и јакнење на соработката со локалната заедница е од исклучително значење за Еуромакс. Ние сме исклучително задоволни што сме дел од локалната заедница, а денешната донација на спортска опрема за учениците е само дел од овие наши заложби. Еуромакс и во следниот период ќе продолжи да соработува интензивно со локалната заедница на различни проекти кои се од јавен интерес за жителите на овој регион. Искрено се надевам дека учениците што ќе освојат многу спортски успеси, а ние ќе продолжиме да ги подржуваме“, изјави Шарп.
Еуромакс Ресоурцес работи на развој на проектот за бакар и злато во Иловица, кој треба да започне со работа во 2017 година. Додека проектот е сеуште во раните фази од развојот, се очекува во него да бидат ангажирани околу 400 луѓе и да бидат инвестирани околу 500 милиони долари. Во насока на вклучување на заедницата и зајакнување на партнерството Еуромакс Ресоурцес отвори и Информативниот Центар во Иловица, каде што сите заинтересирани можат да добијат информации и да дадат свое мислење за проектот.
Донацијата на Еуромакс Ресоурцес за учениците, вклучува спортска облека (дресови), патики и спортски реквизити, како ранци, топки и слично. Спортската опрема е наменета за учениците кој посетуваат настава во ова училиште и ќе можат да ја користат при учество на спортски настани.
Спортската опрема што ја обезбеди Еуромакс Ресоурцес, беше предадена на користење на училишниот настан што се одржа во основното училиште Св. „Кирил и Методиј“ во Иловица. Овој традиционален настан се одржува секоја година во првата недела од октомври и е посветен на децата, т.н недела на детето.