19 Мај, 2024
0.0259

Еуромакс Ресурси најавува реализирање на инвестицијата по одлуката на вишиот управен суд

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако вишиот управен суд донесе конечно решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на управниот суд, Еуромакс Ресурси најавува добивање на сите дозволи за да се реализира најавената инвестиција од 400 милиони евра за експлоатација на руда во југоисточниот дел од земјата.

Со таа пресуда се поништува одземањето на дозволата за експлоатација на Еуромакс Ресурси и се наложува најпрво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација.

- Со одлуките на двата управни суда во Република Северна Македонија се уважи нашето тужбено барање и се поништи решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, информира Еуромакс Ресурси.

Според пресудата, Министерство за економија, требало да ја сочека одлуката на Владата по барањето на Еуромакс Ресурцес за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11 поднесено уште на 29 јануари 2016 година и дури потоа да одлучува за барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина, велат од компанијата која е предвидено да експлоатира бакар во Македонија.

Извршниот претседавач на Бордот на директори Тим Морган – Вајнипорачува дека одлуката на Вишиот управен суд и правосилноста на пресудата на Управниот суд создаваат нова правна извесност за иднината на проектот „Иловица – Штука”. 

-Сега очекуваме во конструктивна и ефикасна соработка со Владата и сите релевантни институции да го обновиме и забрзаме процесот за обезбедување на сите потребни одобренија и лиценци. Така, во најкраток можен рок, ќе може да почнеме со реализација на нашата капитална инвестиција,изјави Морган – Вајни. 

Еко-активистите од Зелена Котлина најавуваат дека жестоко ќе се спротивстават на следните активности, аико сега на потег се Министерството за економија и Владата.

„Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Или сте со народот или сте против него. Не може округло па на ќоше. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Народот е притиснат од сите страни за секакви егзистенцијални проблеми па уште и рудник на смртта му фали“, гласи дел од нивната реакција.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа