Еве каде го однесе Заев, претседателот на Србија по примопредавањето на вакцините
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2021
Му благодариме за гостопримството на Зоран Заев и сопственикот на винаријата „Камник“. Со премиерот на Северна Македонија уживавме во добро вино и се договоривме за заеднички проекти за во иднина, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм.
Претседателот на Србија денеска му го предаде на премиерот на Северна Македонија првиот контингент од 4.680 вакцини што Србија ги донира на земјата.