21 Мај, 2024
0.0334

Еве како да се соочите со партнерот што ’рчи?

Објавено во: Стил 23 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Тешко е да се наспиете дури и во ноќите кога Вашиот партнер не звучи како разлутено животно во зоолошка градина, а кога тоа се случува, нештата стануваат уште полоши. Една недамнешна студија покажа дека жените кои имаат партнер кој ’рчи, имаат многу помалку позитивни интеракции со него во текот на следниот ден, а многу повеќе негативни.

1. Тренинг за спиење

Спиењето во одредени положби може да го намали, па дури и да го елиминира ’рчењето кај најголем дел од луѓето. Едноставно замолете го Вашиот партнер да се преврти и да спие на страна. Тоа може да го запре иритирачкиот звук.

2. Збогум на алкохолот

Пиењето чашка пред спиење не е благопријатно за сонот. Секако, алкохолот е депресант и следствено на тоа може да Ве направи поспани, но тоа нема да Ви обезбеди мирна ноќ и добар одмор, туку сосема спротивно. Пиењето неколку пива пред спиење всушност ги опушта мускулите во грлото што доведува до ’рчење во текот на ноќта, а во исто време ја попречува и РЕМ фазата. Не само кај партнерот туку и кај Вас.

3. Легнете си пред партнерот

’Рчењето нема да Ве спречи да заспиете, но ќе Ве држи будни. Студиите покажале дека најголем дел од луѓето немаат проблем да заспијат крај партнер што ’рчи, но затоа може да се разбудат и до 40 пати во текот на ноќта. Обично периодите на будење се покуси од 30 секунди и не се сеќавате на нив. Сепак, кога нешто ќе Ве вознемири, по што нема да можете да заспиете, делувајте веднаш – разбудете го партнерот или сменете му ја положбата на спиење.

4. Создадете ритуал пред спиење

Ритуалите пред спиење се исклучително важни и партнерите треба да работат на рутина која ќе им одговара на двцајцата. Ваквото преговарање и договрање го прави заедничкото спиење многу поуспешно, а и помирно.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“