Еве колку е добро да се вежба на празен стомак!
Објавено во: Стил 27 Ноември, 2014 20:16
Тренингот претставува еден вид на стрес за човековото тело, а како реакција на телото на тој стрес можат да се јават бројни позитивни адаптации во телото. Тоа секако зависи од типот на тренингот и оптимално дозирање на тренингот а пред се се однесува на интензивните облици на вежбање.
Од друга страна, состојбата кога нашето тело е подолго време без храна, т.е кога гладува, исто така претставува специфичен облик на стрес за нашето тело.
Специфичните облици на вежбање (интензивно-краткотрајно вежбање) и гладување (умерено гладување, не хронично) се потенцијални активатори на бројни адаптации во човековото тело кои пред се , се поврзани за она што го нарекуваме здравје. Имено, овие активности го приморуваат телото да ги троши енергетските резерви, додека на телото општ приоритет му е овие резерви секогаш да бидат пополнети. Но кога телото е приморано рапидно да ги троши, доаѓа до бројни адаптации кои претставуваат компензација за тоа рапидно празнење на резервите. Во тие адаптации помеѓу останатото спаѓаат: ефикасноста на искористување на енергијата, поголема отпорност на стрес, повисок степен на обновување на ткивото (помеѓу останатото, создавајќи нови нервни и мускулни ќелии), а сето тоа прави телото да биде отпорно и подмладено.
Тренингот претставува еден облик на стрес за човековото тело, а како реакција на телото на тој стрес може да се јават разни позитивни адаптации во телото. Тоа секако зависи од типот на тренингот и оптималното дозирање на тренингот, а пред се се однесува на интензивните облици на вежбање.
Комбинирањето на интензивниот тренинг т.е вежбање и состојбата на релативно гладување посебно е ефектно бидејќи има двоен ефект и претставува максимален атак (напад) на енергетските резерви. Она што овде е клучна работа се адаптациите кои се случуваат како реакција на телото на тој стрес. Тоа се сакани адаптации и затоа не треба да се плашите на интензивно вежбање на празен стомак!
Сепак, овој режим бара и одредено внинамние. Тоа пред се е погодно за здравата популација, но и тогаш треба да се воведува постепено, контролирајќи го нивото на гладување и интензивен тренинг. Со време телото не само што може без проблем интензивно да се тренира без пополнети енергетски резерви, туку и перформансите во таа активност може да бидат високи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





