18 Мај, 2024
0.0316

ЕВЕ КОЛКУ ОПШТИНСКИ ПАРИ СЕ ДАВААТ ЗА РУШЕЊЕ ДИВОГРАДБИ ВО ЦЕНТАР: Герасимовски се држи до иницијативата да ги конфискува, наместо да фрла пари за рушење

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Иницијативата, нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните, ќе ја презентира пред ресорните министри за правда и транспорт и врски. Утре Герасимовски ќе се сретне со министерот за правда Кренер Лога, а во понеделник ќе оствари средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министрите од градоначалникот Герасимовски ќе се запознаат со причините и потребите Иницијативата да се имплементира во законски решенија, бидејќи истата е нужна не само за општина Центар туку и на сите општини во државата.

Целта на Иницијативата е да најде и произведе решение и можност безправно изградените објекти, наместо да се рушат како што налагаат досегашните законски норми, истите да се пренаменат во функција на општината.

„Според постоечкиот закон на нелегалните објекти со динамит им се рушат потпорните ѕидови по што останува грда слика на просторот. Такви дивоградби во општината има неколку. Колку за илустрација за една градба на Водно потребни се 5 милиони денари за уривање, но само онеспособување, а не целосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа со оваа Иницијатива ќе се штеди буџетот на Општината но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели и намени од кои полза ќе имаат граѓаните“, изјави Герасимовски претходно за медиумите.

Герасимовски побара средби со Бочварски и Лога, бидејќи двата закони во кои треба да се интервенира доколку се прифати Иницијативата како предлагачи се јавуваат двете министерства. Станува збор за Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка за кој како предлагач на законски измени е министерството за правда и Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за кој како предлагач на законски измени е министерството за транспорт и врски.

На седница на ЗЕЛС во Валандово Герасимовски по презентација на Иницијативата доби широка поддршка од градоначалниците. Примената на Иницијативата и според колегите градоначалници е неопходна, бидејќи безправните објекти се проблем кој го црпи буџетот во секоја општина.

Герасимовски на широка дискусија ќе ги покани и скопските градоначалници со цел заедничко дејствување за општините по конфискацијата на дивоградбите истите да ги пренаменат и да ги искористат за потребите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?