Еве што ќе се случи кога политичари ќе почнат да живеат од минимална плата
Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2014
Ако ви се чини дека никогаш не сте виделе политичар како јаде сендвич со салама, тоа е најверојатно бидејќи никогаш и нема.
Таквите сцени беа реалност минатата недела во Вашингтон каде три политичари го прифатиле предизвикот наречен „Live the Wage“, што значи една недела да живеат на минимална американска плата од 77 долари неделно.
Демократите Тим Рајан и Јан Шаковски му се придружија на поранешниот гувернер на Охајо Тед Стрикленд во овој предизвик во текот кога го споменале износот морале да го разделат на недела дена, сметајќи на секојдневните трошоци, храна, но и кирија и сметки, пренесува американскиот портал ABC.
Конгресменот Рајан кажа дека на ова се одлучил за да оттргне внимание на проблемите со кои секојдневно се соочуваат работниците на минималната плата.
„Синоќа најдов остатоци од кикирики во канцеларијата, а каснав и малку овошје кое исто така останало таму. Вчера потрошив седум долари на неколку сардина конерви и вреќичка крекери“, изјавил тој за „ABC“.
И Јан Шаковски пого започнала овој предизвик во четвртокот. Дури и искуство во купувањето: обично правам листа на која идат работи кои ми требаат, кои ги сакам. Ретко размислувам за тоа колку чинат. Обично одам по продавници, видам нешто што мислам дека е добро и го ставам во количката. Тоа го нема кога сте на толкав буџет. Не постои никаква спонтаност, изјавила таа.
Од друга страна Стриклад отишол во Мекдоналдс како би го испробал нивното мени за еден долар. На крајот направил фотографија од својот ручек за два долари и 20 центи и под неа напишал: „Работниците овде заслужуваат зголемување на платата“.
Тој со неговиот предизвик веќе е на крај, но во примерокот со податоците признал дека не успеал да издржи до крај со 77 долари.
Она што најмногу го загижило е тоа дека со таква плата е невозможно да се храните здраво: „Свежо овошје и зеленчук е тешко да се најде по цената која ќе му одговара на вакциот буџет. Се свртев кон лебот, путер од кикирики и банани. Тоа е се што можев даискомбинирам минатата недела кога отидов во продавница. И затоа јадев во Мекдоналдс“.
Шаковски и Рајан исто така на социјалните мрежи се пожали дека овој предизвик е тежок. „Постојат многу луѓе кои ова го работат многу долго и сакаме да укажеме на тешкотиите кои притоа се случуваат. Јано ни е дека не сме во иста позиција, но поради ова барем се зборува за минималната плата“, изјавиле тие.