26 Април, 2024
0.0259

Еве што судот во Хаг одлучи за Радован Караџиќ

Објавено во: Балкан 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ  денеска во Хаг е осуден на доживотен затвор.

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг го осуди на доживотен затвор  Караџиќ.

Судијата рече дека биле потврдени сите точки од првостепената пресуда, освен неколку инциденти во пребројувањето во 20 општини.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 година го осуди Караџиќ на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото во Босна и Херцеговина 1992-1995 година.

Со првостепената пресуда, Караџиќ е ослободен од обвинението по една точка - за геноцид против несрпското население во седум општини во БиХ, но беше осуден за другите 10 точки, вклучувајќи и за геноцид во Сребреница.

Со денешнава пресуда треба да е завршена правосудната постапка што практично трае од 1995 година, кога беше објавено и потврдено првичното обвинение против човекот што се смета за инспиратор и лидер на „проектот“ што доведе до масовни страдања и прогони во БиХ и резултираше со геноцидот на припадниците на војската и полицијата на босанските Срби врз муслиманите во Сребреница.

Пред изрекување на второстепената пресуда на хашкиот осуденик  Караџиќ дошло до инцидент кога на заштитната ограда семејствата на настраданите и претставници на бошњачките здруженија поставиле транспарент на кој првиот претседател на РС се споредува со Хитлер.

 „Радован Караџиќ - геноцид, Адолф Хитлер - холокауст“ - пишува на транспарентот поставен на заштитната ограда пред зградата на трибуналот, па интервенирала полицијата барајќи негово отстранување.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци