ЕВЕ ШТО „ВЕЛИТ“ БЕТМЕН ВЕЛИТ - Нинџа прво се сети дека не го видел братот Игор, а потоа него го видел, а не го видел Владо
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020
Откако Александар Василевски Нинџа сведочеше дека во ВМРО-ДПМНЕ се собирале пари за водачите на „За заедничка Македонија“, тој денеска со опширен фејсбук статус, во кој го критикува и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, што го наведува Нинџа како релевантен извор.
Но, она што е многу интересно, е што Илиевски вели дека Нинџа во своите спротивставени сведочења, прво спомнувал дека не го видел Игор Дурловски, а потоа дека него го видел, а не го видел Владо Јовановски.
„Љупче генсек на СДСМ одбира да му верува на Нинџа (инаку мислам дека не му верува воопшто туку поради палење на народ го прави ова, предизборно, „сроку службе“ шо би се рекло... Притоа генсекот решава да оди и на екстра „будење емоции“ со патетични морбидни лажни гнасни и мизерни реторички прашања од типот „ДАЛИ ВРЕДЕШЕ ЗА 200.000 евра...“ објавувајќи слика од нападнатите пратеници на СДСМ на денот на немилите настани. Демек сме ги зеле парите за да ги тепа некој нив.
Инаку за оние кои оправдано забораваат бидејќи секој ден има толку многу глупости, еве сегменти од верзиите на доверливиот сведок на Љупче Николовски.
Декември 2018-та кога сведочеше дежурниот лажов на Вилма по однос на Заедничка Македонија изјавува дека (ЦИТИРАМ): „Ми кажа Никола Бошковски дека му кажал Владимир Атанасовски, на кој му кажал Кирил Божиновски дека водачите на Заедничка Македонија се дебело платени за тоа што го прават. Јас не сум ги видел да земат пари, но сум ги видел како излегуваат од кај Кирил Божиновски, сите четворица“.
Сублимат: Нинџа видел, Нинџа чул, но нема детали. Нема евра, провизии, ништо.
Март 2019: Менуваме плоча. Сега во новата изјава пред пресуда вели дека не видел сите - освен братот Игор. Вели дека не се сеќава на него, но на мене, Борис и Владо да. Повторно нема детали, нема евра, пари, само он знаел дека сме биле плаќани итоа не обично туку ДЕБЕЛО!.
Во меѓувреме братот Игор најзаслужено станува носител на листа.
Јуни 2020: Ново сведочење, нова верзија. Нинџето се присеќава сега и на Игор. Овојпат го изостава Владо. Но овојпат веќе имаме и конкретна сума, ДВЕСТА ИЉАДИ ЕВРА, Е ХЕ ХЕЕЕЈ!
Мислам дека ако има уште 2-3 прилики да го покаже својот раскошен талент за сведочење, имаме реална шанса да имаме земено повеќе пари!“, пишува Бетмен Велит.
А претходно Љупчо Николовски напиша дека фејк-њуз партија нормално, раѓа фејк патриоти.
„Црниот 27-ми април, ни донесе безброј трауми кои не сакам да ги враќам на површина. Но, болката знаејќи дека некој беше подготвен да направи граѓанска војна за 200.000 евра... Не се премолчува!
Фрлаа луѓе во ендеци, а тој ден тргнаа и државата да ја фрлат во ендек. За 200.000 евра!
Протестираа заради тиранска платформа. Ни П од платформата не видовме. И тоа излезе уште еден фејк-њуз специјалитет од кујната на фејк-њуз партијата.
И сега што прават? Повторно лажираат. Но, сите вистински домољубци и добронамерни граѓани кои ве следеа и кои ги измамивте и ги фрливте во оган ќе си проценат сами дали си поигравте со нивните судбини за 200.000 евра или не.
За крај, патриот не е оној кој државата ја носи на раб на војна, туку оној кој и дава стабилност и просперитет“, пишува Николовски.