ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ДЕВОЧЕТО КОЕ БИЛО ЗАРОБЕНО ОД ТАТКОТО МОНСТРУМ: Лекарите плачеле во болница обидувајќи се да го повратат во живот

Објавено во: Балкан 27 Март, 2023
Осумгодишното девојче,
чиј татко Урош П. (38) до пред три дена ја држел заробена во станот, односно во
кадата, било во алармантно тешка здравствена состојба кога полицијата ја
пронашла.
Како што дознаваат српските медиуми, по пристигнувањето во болница, детето било дехидрирано, гладно и целосно запуштено, па кога го виделе дежурните лекари, сите заплакале!
Според информациите, грижата за девојчето ја презела Детскиот прифатен центар, откако била примена во болница кога полицијата ја нашла заклучена во станот во кој живеела со нејзиниот татко.
- Во станот била со нејзиниот татко, кој повремено и давал храна. По пристигнувањето во болница, девојчето било многу лошо, дехидрирано и неухрането. Кога докторите и дозволија да јаде, изгледаше како да не јадела ништо со месеци. Да останеше во таа состојба уште пет дена, прашање е дали ќе преживее - вели извор запознаен со случајот.
Како што дознава Курир, девојчето било примено на гастроентеролошкиот оддел во Тиршова.
-Најголемиот проблем е неухранетоста. Докторите буквално и даваат најситни делчиња храна за да почне полека да ја прима и да ја вари храната. Страшно е колку мала изгледа. Лекарите даваат се од себе да ја вратат што побрзо - вели извор на Курир.рс.
Грозоморниот случај на злоупотреба на девојчето е откриен кога белграѓанка пријавила во полициската станица Палилула дека сопругот У.П. брутално ја претепал, како и тоа дека долго време ја држел ќерка си како робинка.
ФОТО: MUPМожеби ќе ве интересира
Дали Вјоса Османи ќе прифати нови избори во северно Косово?

Макрон и Шолц бараат нови избори во северно Косово

Курти: Која е смислата на јавните згради за државните функционери ако не се користат?

(ВИДЕО) Ќучук за тепачката во бугарското Собрание: Ова не е серија од Латинска Америка

(ВИДЕО) ГО КРИТИКУВААТ ВУЧИЌ ЗОШТО РАЗГОВАРАЛ СО ЗЕЛЕНСКИ: Тој вели дека Украина не го признала Косово и секако ќе му подаде рака

(ВИДЕО) СЕ ВЕЕЈА ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Албанците излегоа на протест во Јужна Митровица

МИСТЕРИЈА СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА СРБИН ОД ГРЦИЈА - деталите кои сега ги проверува полицијата фрлаат сосема поинакво светло на овој случај

ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНА ЗВЕЧАН: Ни порачуваат или да одиме во Србија или да одиме во затвор

Таксистот даде исказ за масакрот, се плаши од семејството на Урош Блажиќ
