ЕВН Македонија ја продолжува поддршката на проектот за грижа на стари лица
Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2015 14:40
Црвениот Крст на Република Македонија ги презентираше резултатите од досегашната реализација на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“- Грижа за стари лица на Црвен крст на град Скопје. ЕВН Македонија веќе трета година е донатор на овој проект со кој се овозможи непречена работа на тимови од 4 медицински лица и 20 волонтери кои пружаат континуирана поддршка на повеќе од 300 стари лица низ цела Македонија. Поддршката се состои во помош во домашни услови и активности во дневните центри на Црвениот Крст во Скопје, Велес, Крива Паланка, Кичево, Дебар и Струга.
Претседателот на Управнот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер, упати честитки за огромниот досегашен успех на Црвениот Крст и најави дека ЕВН ќе ја продолжи подршката на проектот за грижа на старите лица.
„Старите лица се оние кои се одговорни за изградба на општеството во кое живееме денес и за тоа ќе им бидеме вечно должни и благодарни. Во време на економска и финансиска криза, во никој случај не треба да бидат заборавени и да се намалуваат средствата за нивна поддршка. ЕВН Македонија, како компанија која е дел од животите на 800.000 корисници од сите генерации, ја препознава потребата за овозможување на помош на оваа категорија на граѓани“ – изјавни г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ е финансиран од ЕВН Македонија, Австрискиот Црвен крст и Град Скопје и преку истиот на годишно ниво се реализираат повеќе од 5000 посети на медицински лица, 3000 посети на волонтери на стари лица во домашни услови, преку 1000 неопходни медицински прегледи, понатаму административна, правна и социјална поддршка, а во континуитет во дневните центри се реализираат активности за овозможување на т.н. активно стареење.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





