Добивај вести на Viber
ЕВН Македонија ги реализираше проектите за реконструкција на дистрибутивната мрежа на клучните точки во општините Аеродром, Кисела Вода, Студеничани и Центар. Најголемиот и најкомплексен проект е реализиран во општина Центар со положувањето на четири нови изводи од трафостаницата „Југ Нова“ со нови кабли во вкупна должина од 11.000 метри, соопштуваат од компанијата.
Вкупниот капацитет на сите четири изводи е 40MW, што е моќност доволна да напојува над 100.000 домаќинства и сите индустриски и неиндустриски објекти во центарот на градот, вклучувајќи ги и објектите од проектот „Скопје 2014“.
Истовремено, додаваат од ЕВН, направена е реконструкција на дел од постоечките кабелски делници, изградени се нови и зголемен е капацитетот на старите дистрибутивни трафостаници со што е обезбедено сигурно и непрекинато напојување во центрот на Скопје.
Од ЕВН Македонија информираат дека е стабилизирана напонската состојба и снабдувањето со електрична енергија во Кисела Вода и надминати се проблемите со напојувањето на 450 домаќинства на улицата Ѓорѓи Капчев во општина Аеродром, по изградбата на новата компактно-бетонска трафостаница и поставувањето на новата мрежа на среден и низок напон.
Подобрување на мрежата добиле и жителите на селото Студеничани.