Добивај вести на Viber
Поради неовластено користење електрична енергија, пресметки да си ја платат и кривични пријави стигнале за 35 корисници, соопшти ЕВН Македонија. Екипите на компанијата, полицијата и судските вешти лица за првите 18 дена во месецов открле 22 корисници кои манипулирале со броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа.
Со оглед на тоа што енергијата што ја трошат корисниците кои самостојно се приклучиле не се евидентира во системот, тие воопшто не плаќаат за потрошенотo и прават кривично дело.
По откривањето веднаш биле исклучени од системот, а вкупната штета што ја направиле крадците изнесува 800 илјади денари или 5,4 милиони kWh.
Од ЕВН Македонија најавија засилените контроли и во наредниот период, а покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи.
Од дистрибутивниот систем че бидат исклучени сите корисници кои имаат неподмирен долг . Во првите шест месеци од годинава ЕВН Македонина откри 1.200 кражби на електрична енергија, а штетата кон компанијата изнесувала 2,2 милони евра.