19 Мај, 2024
0.0303

Евроинс осигурување воведува можност за уплата на осигурување преку терминали за наплата

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

ЕВРОИНС Осигурување е првата осигурителна компанија во Македонија која воведе можност за уплата на осигурување преку терминали за наплата, во случајов преку мрежата на терминали на  PayNet Македонија. Со ова корисниците некои од производите на Евроинс ќе може да ги платат директно на терминалите и да се поштедат од дополнителни обврски.

„Соработката на Евроинс Осигурување со PayNet Македонија соодветствува со нашата политика да станеме подостапни на пазарот и да се прилагодиме на потребите на нашите клиенти. Евроинс за прв пат во Македонија воведува плаќање на полиси преку терминал и со тоа уште еднаш ја покажува својата иновативност. Притоа, секогаш се трудиме на клиентите да им понудиме и дополнителен квалитет. Соработката со PayNet е во насока на модернизирање во функционирањето на компанијата, олеснување и поедноставување на целиот систем, кој првенствено е насочен кон задоволување на потребите на клиентите“, изјави Јанко Николов, Извршен директор на Евроинс.

eurolins 1

Евроинс својата иновативност на пазарот за осигурување ја покажа уште пред повеќе од три години, со воведувањето на Еврокаско осигурувањето за 300 денари годишно, како и пред една година со производот Евродом - за 990 денари за период од една година.

“Најновата понуда што ја нудиме на граѓаните е брзо и едноставно до осигурување, преку терминалите на PayNet Македонија. Осигурувањето може да се уплати преку овие терминали во готовина, но и со опција за безготовинско плаќање. Во двата случаи корисниците нема да бидат оптоварени со дополнителни провизии. На терминалите на PayNet Македонија ќе биде истакнато логото на Евроинс Осигурување, со што ќе биде означено дека услугата е достапна и оперативна” дополни г-дин Николов.

 ПејНет е глобално прифатен, безбеден и современ систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал. Мрежата на терминали на PayNet Македонија веќе е инсталирана во централните градски подрачја во Скопје и системот функционира 24 часа дневно, 365 дена во годината.

eurolins 2

„Задоволство ни е да најавиме целосно нов и иновативен вид на услуга, која сега е достапна за македонските граѓани, преку Евроинс и PayNet. Ви претставуваме лесен, практичен и сигурен начин да обезбедите патничко осигурување. Сега, како дополнување на плаќањата за режиски трошоци, мобилни телефони, даноци и интернет, македонските граѓани може лесно да обезбедат полиси за патничко осигурување 24 часа, 7 дена во неделата, користејќи готовина или кредитни картички, преку растечката мрежа на платежни терминали на PayNet, или пак преку електронскиот паричник. Нашите платежни терминали се стратешки лоцирани во најпосетените малопродажни ланци во Скопје. Од друга страна, со PayNet електронскиот паричник, сите плаќања се оддалечени со само четири кликови на вашиот смартфон или компјутер. Задоволство ни е што Евроинс продолжува да ја поддржува иновативноста на осигурителниот пазар и остварува соработка со PayNet, со цел да развие дополнителни производи кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот“, изјави Темирмалик Шомансуров, Генерален директор на PayNet Македонија.

ПејНет е глобално прифатен, безбеден и современ систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО